Продолжува успешната бизнис приказна, „Бакал“ пекара и во Скопје

За вистинските гурмани и пребирливи консументи на бели печива, на местото на старата Ванила во ГТЦ Скопје, спроти Порта Македонија, се отвори пекарата „Бакал“.  Граѓаните може да уживаат во врвните пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски и германски рецептури. Станува збор за трета пекара, по предходно отворените во Тетово, и во с. Брвеница, a под овој бренд работи и ексклузивниот ресторан Бакал во с. Брвеница.

prodolzuva-uspesna-biznis-prikazna-bakal-pekara-i-vo-skopje-01.jpg

Пецивата што се продаваат во „Бакал“ не само што се вкусни, туку изобилуваат и со високо нутритивни состојки, благодарение на природните состојки создадени со патентирана технологија на производство. Кроасани, кифли и други производи импресионираат со вкусот,  мирисот, аромата, боите и облиците. Се произведува и домашен леб и бели пецива, р’жан леб од ржано брашно, кое не содржат никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб, а и неколку лебови по француска рецептура. Пекарата нуди и уникатни слатки производи. 

prodolzuva-uspesna-biznis-prikazna-bakal-pekara-i-vo-skopje-02.jpg

Целиот простор околу Бакал е хортикултурно уреден. Поставени се дрвени клупи, а насадени се и декоративни садници кои го разубавуваат целиот простор.

Со донација од Бакал уреден е и просторот спроти пекарата, кој доби градина со форма на стилизирана звезда од топчести зеленики (Buxus  sempervirens), со симболика дека со многу труд градиме трајни дела, во чија средина се наоѓа  калемен атласки кедар (Cedrus atlantica Glauca Pendula).

prodolzuva-uspesna-biznis-prikazna-bakal-pekara-i-vo-skopje-04.jpg

Дефинитивно граѓаните, добија место каде можат да купат квалитетни пекарски производи, а истовремено и да уживаат во уредениот простор .

Бакал е пример за сите!

prodolzuva-uspesna-biznis-prikazna-bakal-pekara-i-vo-skopje-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава