Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


ЛУКОИЛ Македонија со нов корпоративен стил на бензинските станици во Кисела Вода и Аеродром

Од неодамна ЛУКОИЛ Македонија во Скопје реновираше и модернизираше две свои бензински станици и тоа во Кисела Вода на улица „Борис Трајковски“ и во Аеродром на булевар „Србија“.

lukoil-makedonija-so-nov-korporativen-stil-na-benzinskite-stanici-vo-kisela-voda-i-aerodrom-1.jpg

Во компанијата се воведени нови стандарди по кои се градат сите нивни бензински станици, па така веќе постоечките ќе се реновираат со цел да се задржи унифицираноста и да се создадат подобри услови за нивните потрошувачи.

„Изминатиов период е само доказ дека ЛУКОИЛ не мирува! Секогаш се трудиме да ги следиме најновите трендови и да им понудиме на своите клиенти врвно потрошувачко искуство.

Високиот квалитет на горивото, секогаш мора да стигне до секој потрошувач на „ЛУКОИЛ“ преку најефикасна и најквалитетна услуга, на секоја бензиска станица. Затоа, во последниве  години работевме на осовременувањето на продажните места“, изјави регионалниот управител г-ин Андреј Куку.

lukoil-makedonija-so-nov-korporativen-stil-na-benzinskite-stanici-vo-kisela-voda-i-aerodrom-2.jpg

Реновирани по новиот корпоративен стил беа бензинските станици  во повеќе градови низ Македонија, во Битола, Тетово, Скопје, Радовиш, Кочани итн.

Новите бензински станици покрај врвното брендирано гориво ЕКТО кое екслузивно може да се набави само на бензинските на ЛУКОИЛ, нудат повеќе услуги од дополнителниот асортиман, вкусно кафе, интернет, тераси за одмор итн.

lukoil-makedonija-so-nov-korporativen-stil-na-benzinskite-stanici-vo-kisela-voda-i-aerodrom-3.jpg

На новите објекти во Скопје има wi-fi, а на бензинската во Аеродром направена е комплетно затворена тераса и освежен и разубавен простор кој ќе им посака добредојде и среќен пат на сите свои посетители.

lukoil-makedonija-so-nov-korporativen-stil-na-benzinskite-stanici-vo-kisela-voda-i-aerodrom-4.jpg

lukoil-makedonija-so-nov-korporativen-stil-na-benzinskite-stanici-vo-kisela-voda-i-aerodrom-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg