Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје изминатиот викенд учествуваа на натпреварот по општо знаење CEESA Knowledge Bowl кој се одржа во Белград, Србија и го освоија третото место. Тие се изборија за бронзениот медал во конкуренција од 16 тима од различни земји во Централна и Источна Европа.

srednoshkolci-od-makedonija-na-treto-mesto-vo-centralna-i-istocna-evropa-po-opsto-znaenje-1.jpg

Станува збор за турнир каде од исклучително значење е брзината, а учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни полиња како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн. Покрај од Македонија учествуваа и средношколци од Русија, Хрватска, Полска, Бугарија итн.

CEESA Knowledge Bowl се одржува секоја година во различни градови, а во него земаат учество образовни институции од Централна и Источна Европа.

srednoshkolci-od-makedonija-na-treto-mesto-vo-centralna-i-istocna-evropa-po-opsto-znaenje-2.jpg

- Презадоволни сме и од пласманот и од уделот на секој ученик во натпреварот. Го дадовме својот максимум и успеавме да победиме тимови кои важеа за фаворити на Knowledge Bowl. Секоја година испраќаме наша екипа на овој натпревар и почнувајќи од 2015 година учениците се враќаат закитени со медал. Тоа е најголемото задоволство за секоја институција која е фокусирана на раст и развој на секој свој ученик со цел да го постигне својот максимален потенцијал  – велат од Меѓународното училиште „Нова“.

Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, а домаќин беше „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.

Натпреварот е дел од активностите во рамките на Асоцијацијата на образовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“.

srednoshkolci-od-makedonija-na-treto-mesto-vo-centralna-i-istocna-evropa-po-opsto-znaenje-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава