Да го задржиме несовршенството на светот

Минатиот септември, Diesel ја претстави кампањата “Go with the flaw”  со која ги инспирираше луѓето да ги прифатат недостатоците во нивните животи и да ја носат несовршеноста со гордост. Општеството постојано се стреми кон совршеност, но таа може да биде и здодевна. Светот треба да ги негува несовршеностите кои го прават животот интересен.

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-001.jpg

Diesel оваа сезона презентира прекрасна “Go with the flaw” романса. Приказна за момче и девојка кои се запознаваат и се вљубуваат откако претходно и двајцата решиле да се ослободат и да ги променат своите физички недостатоци. Во краткиот филм, режиран од Франсоа Руселе, откриваме дека нашите недостатоци се помоќни од обидите да ги сокриеме. Тогаш зошто да не ги прифатиме, да уживаме во нив?

Ова ново поглавје го означува и почетокот на нова Diesel колекција за пролет/лето 2018, со легендарни Diesel модели и автентично влијание од 90-тите. Колекција создадена за само-експресија и креирање на свој, единствен стил преку парчиња кои се контрастни, а сепак се надополнуваат.

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-1.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-2.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-3.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-4.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-5.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-6.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-7.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-8.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-9.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-10.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-11.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-12.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-13.jpg

da-go-zadrzime-nesovrsenstvoto-na-svetot-14.jpg

Краткиот филм, ако се гледа внимателно, ни открива и елементи интегрирани во кампањата, на тема “несовршен свет”. Тука е на пример, инстаграм профилот @wantedsocks кој e посветен на носењето чорапи кои не се во пар или пак фиктивниот онлајн ресторан Bluffet каде во соработка со каналот за готвење Tasty, се претставени различни рецепти за оние кои се мамурни, доцнат или пак кои не можат да му одолеат на благото. Уште еден интересен елемент кој се појавува во видеото е линкот од агенцијата layover.it – туристичка агенција со недостатоци, кадешто се резервираат најкомплицираните патувања, со најмногу трансфери, а идејата позади сето ова се крие во убавината на лошо испланираното патување кое всушност вклучува повеќе патувања во едно.

Видеото за кампањата “Go with the flow ” можете да го погледнете во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Kaролина Гочева блеска на одмор, Антониа Гиговска во бикини на настап: Што прават македонските ѕвезд... Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на о...
Елена Ристеска во каубојски аутфит, Татјана Лазаревска и Новица вљубени во Будва: Што прават нашите ... Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите ужива еден месец во Македонија,...
Лила Филиповска роденденски со мајка си (81), Пајак скокаше по крстот: Што прават македонските ѕвезд... Лила Филиповска позира со мајка си и емотивно вели: „Таа е од оние мајки кога ќе...
Тамара Тодевска и Тијана во Маврово без грам шминка, Сања Ристиќ ја пее „Ех, тој Тоше“: Што прават н... Се сеќавате ли на девојчето што ни ја отпеа „Ех, тој Тоше“? Денес е прекрасна же...
Викторија Лоба во полутанга бикини во Тајланд, Јана Серафимова во Дубаи: Што прават нашите ѕвезди де... Влатко Лозаноски сподели фотографија од синот Марко oд прославата на слават...

Најчитани неделава