„Од менаџмент со човечки ресурси – до почитување на луѓето“, тема на 10тата јубилејна конференција за човечки ресурси

На 31 мај ќе се одржи 10тата конференција за човечки ресурси, а оваа година темата на која ќе се зборува е „From HR to RH – Respect for Humanity“. Најпознати и најугледни професори, тренери и менаџери од земјата и регионот во улога на спикери, ќе ги пренесат своите искуства и знаења, токму на оваа истакната тема, од огромно значење за цивилизираниот свет. Изборот на темата произлезе од тесната и нераскинлива врска меѓу човечките ресурси и почитта кон човечноста.

od-menadzment-so-covecki-resursi-do-pocituvanje-na-lugjeto-tema-na-10tata-jubilejna-konferencija-za-covecki-resursi-01.jpg

Човечки ресурси е поим чие основно значење во економијата се однесува на работната сила. Вработените се една од најзначајните ресурси на компанијата и тоа не е само декларативна изјава, туку потврден факт, а гледано низ призмата на HR одделите – многу позначаен и суштински дел од секоја, мала или голема организација. Управувањето со нив се смета за основен интерес на организацијата. Почитта кон луѓето, кон вработените, нивните способности, квалификации и секојдневен труд е примарен принцип во секоја организација, па тргнувајќи од таму, фактот дека најголем ресурс во секоја компанија се самите вработени се потврдува. Во компаниите што следат трендови, почитта кон вработените се однесува кон сите нивоа на хиерархијата.

Менаџерите за човечки ресурси ги гледаат вработените како највреден капитал на организацијата, а со оглед на тоа дека нивните вредности се зголемуваат согласно развојот, одделите за човечки ресурси се фокусираат на континуиран раст на нивните потенцијали и вештини. Нивното задолжително вклучување во сите претстојни промени, активности и идеи може само да придонесе за подобро функционирање на компанијата.  Исто така, поттикнување отворена комуникација со нив преку взаемно вреднување на мислењата и поттикнување на вработените да демонстрираат деловни решенија и стратегии кои можат да придонесат кон развојот на компанијата, дополнително ќе придонесат кон независноста и самодовербата во работата.

od-menadzment-so-covecki-resursi-do-pocituvanje-na-lugjeto-tema-na-10tata-jubilejna-konferencija-za-covecki-resursi-02.png

Токму затоа, 10тата конференција ќе ја образложи дејноста на човечките ресурси и ќе понуди едно пошироко толкување што неминовно ќе доведе до промена на перцепцијата и подобра интегрираност на компаниите и организациите во новите трендови.

Годинешната тема „Од менаџмент со човечки ресурси –  до почитување на луѓето“ е тема што навестува промени, а за тоа ќе предаваат познати професори, врвни тренери и докажани менаџери со меѓународно искуство во улога на спикери. Тие ќе ги пренесат своите искуства и знаења и ќе го предочат огромното значење на човечките ресурси и човечноста за цивилизираниот свет. 

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата.

Би можело да ве интересира:

Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Генијалецот Македон повторно нè направи горди – освои медали и пехар на турнири по математика во Буг... Малиот генијалец Македон освои неколку награди и признанија на турнири по матема...
Тамара Тодевска се разнежни на роденденот на синот: „Од првиот здив знаев дека ти си моето срце надв... „Со тебе љубовта доби ново значење, а секој ден е полн со светлина. Дарен, те са...
Ќерката на актерот Јаков Спасов наполни 1 година - Тематска забава во коњички клуб, каубои и торта с... Најинтересно беше тоа што децата дојдени на роденденот имаа можност да јаваат на...

Најчитани неделава