Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубаво значење“
- Детали
- среда, 22 октомври 2025
„Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден“, напиша мајката на Михаил, Леонтина, Тодор и Ведран во роденденската честитка.

Ведран, Михаил, Теодор и Леонтина, кои во јавноста ги препознаваат како „штипската четворка“, денес го слават својот втор роденден.
Девојчето и нејзините три братчиња пораснаа, секој создава свој карактер, гоменува ликот и навиките, а сите заедно се еден преубав дар на нивните родители, мајката Благица и таткото Александар.

По две години со нив, Благица им го честита роденденот на своите четири дечиња со емотивна порака на Фејсбук и видео направено од повеќе заеднички фотографии.
„Среќен втори роденден на нашите четири душички!
Денес славиме две години безусловна љубов, смеа и најубавата музика - вашите чекори, насмевки и гласчиња што го исполнуваат домот со радост.

Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога.
Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден.

Сè што ви посакуваме е да растете живи и здрави, среќни, весели и секогаш свои.
Наши четири срца, со вас животот има најубаво значење“, напиша таа.

Погледнете го видеото ТУКА.
А. Ј. | Црнобело
