НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје под ново име Сава пензиско друштво а.д.Скопје ќе продолжи да обезбедува сигурни пензиски заштеди за своите членови

НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Друштвото и во иднина ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.

nlb-nov-penziski-fond-ad-skopje-pod-novo-ime-sava-penzisko-drustvo-ad-skopje-ke-prodolzi-da-obezbeduva-sigurni-penziski-zastedi-za-svoite-clenovi-01.jpg

Заедно со новото име, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Друштвото  во процесот на ребрендирање ќе добие целосно нов визуелен лик. Друштвото ќе продолжи да функционира и работи на ист начин како и досега, стремејќи се да обезбеди сигурни пензиски заштеди  за своите осигуреници, преку остварување на соодветен долгорочен принос од инвестициите на средствата на фондовите. Партнерството и континуитетот во едукацијата и комуникацијата со нашите членови и понатаму ќе остане наш врвен приоритет.

Промените во називот и ребрендирањето на НЛБ Нов пензиски фонд следуваат  откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100% од акциите на пензиското друштво. Процесот за преземање на Друштвото се одвиваше преку законски дефинирана постапка, контролирана од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Словенечката Групација Сава Ре дд Љубљана, моќна и стабилна групација со извонредно меѓународно реноме, која веќе 40 години е дел од осигурителната и реосигурителната индустрија и бележи одлични резултати, ги исполни строгите критериуми пропишани со законската регулатива и стана сопственик на Друштвото. Групацијата Сава Ре во моментов поседува седум друштва за осигурување и две пензиски друштва, што ја прави една од поголемите групации во осигурителниот сектор во Југоисточна Европа.

Менаџментот на Друштвото, оценувајќи ја финансиската кондиција и нивото на воспоставените процеси и акумулираното искуство, најавува  брзо и успешно позиционирање на пазарот на новиот бренд Сава пензиско друштво а.д. Скопје и обезбедување континуитет и стабилност, што претставува примарен интерес за сегашните и идните членови на пензиските фондови и новите сопственици на Друштвото. 

- И во оваа прилика го истакнуваме фактот дека пензиските фондови, со кои ќе продолжи да управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, беа и остануваат во сопственост на нивните членови и нивните средства се целосно одвоени од имотот на Друштвото. Ние сме убедени дека со влезот на Групација Сава Ре и високата синергија помеѓу осигурителната и дејноста пензиско осигурување се отвораат нови можности и перспективи за развој што е во интерес на членовите на пензиските фондови. Една од нашите примарни цели во наредниот период ќе биде создавањето на услови за проширување на продажната мрежа, преку лиценцирани агенти во мрежата на Сава осигурување а.д. Скопје и заедно со постојната продажна мрежа, што продолжува да функционира  преку експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, да обезбедиме натамошно подобрување на кавалитетот на услугите и достапноста до сегашното и потенцијалното членство -  велат од менаџментот на „Сава пензиско друштво“ а.д. Скопје


Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС),  www mapas.mk  (02) 3224 229.  

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg