Дестинација Македонија во функција на промоција и развој на туризмот во Македонија

Компанијата која е позната како двигател на е-трговијата во земјава Grouper.mk ја привршува најголемата кампања насочена кон промоција на домашниот туризам наречена Дестинација: Македонија.

destinacija-makedonija-vo-funkcija-na-promocija-i-razvoj-na-turizmot-vo-makedonija-1.png

Кампањата која се реализира четврта година по ред, нуди огромен избор на локални патувања, искуства и специјалитети по неверојатно ниски цени, а на корисниците им докажува дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта.

За оваа кампања, Grouper.mk креираше водич од 101 зделка со примамливи цени, за сите вистински љубители на патувањата, историјата, недопрената природа, вкусна традиционална храна и авантури, со цел да се доживее, искуси и вкуси Македонија, на вистински начин!

“Во текот на годината имаме неколку големи тематски кампањи, а оваа кампања е насочена кон промовирање на домашниот туризам. Со кампањата Дестинација Македонија не само што се потикнуваат македонските туристи и авантуристи да запознаат што се нуди Македонија, туку е и одлична промоција за македонската туристичка понуда. Голем број на сместувачки капацитети и угостители за прв се вклучуваат во оналјн продажба преку учеството во кампањата, што ни претставува вистинско задоволство затоа што вредноста која ја носиме е многу поголема од едноставна продажба. Особено ни е драго што речиси сите соработници од претходните години се вклучија и оваа година, што говори за нивното задоволство од соработката со Grouper. Оваа година во кампањата се вклучија над 80 сместувачки капацитети и угостителски објекти, a до сега се купени над 2000 ноќевања, искуства и гострономски уживања, секако по специјални групер цени. Кампањата директно влијае на развојот на туризмот со промоција и поголема туристичка посетеност на многу домашни понудувачи кои биле непознати за многу Македонци.” - вели Д-р Нина Ангеловска, коосновач и директор на Grouper.mk

destinacija-makedonija-vo-funkcija-na-promocija-i-razvoj-na-turizmot-vo-makedonija-2.png

Помеѓу многубројните зделки може да се најдат и Bestseller хотелите во прекрасна природа како Радика Маврово и Калин Лазарополе, релаксирачките спа центри на Хотел Изгрев Струга, Хотел Тино св.Стефан, Hotel Gardenia & SPA и многу други и вкусна храна и вински дегустации во винарија Chateau Sopot, Стоби и Попова кула.

Кампањата Дестинација Македонија започна на 24 септември, и ќе трае до 15 ноември 2018. Дестинација Македонија има посебно значење за Grouper и затоа е потикната со многу подароци, изненадувања и големи попусти! Исто така, за време на кампањата, Grouper во партнерство со Mastercard овозможува дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.

destinacija-makedonija-vo-funkcija-na-promocija-i-razvoj-na-turizmot-vo-makedonija-3.png

Видеото подолу е само уште еден момент плус, кој ќе ве поттикне оваа есен да прошетате низ Македонија, зошто како што вели Марјан Ѓорѓиевски - “Ни самите не сме свесни колку места има низ Македонија кои не ги познаваме”, па затоа време е да ја истражиме!

Повеќе информации за кампањата и изненадувањата кои ги подготви Grouper.mk можете да најдете на нивниот блог

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава