Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


СОС Детско село и оваа година ќе го исполни Скопје со љубов преку „Место со срце“

СОС Детско село прашува „Кое е твоето место со срце?“

sos-detsko-selo-i-ovaa-godina-ke-go-ispolni-skopje-so-ljubov-preku-mesto-so-srce-001.jpg

Скопје, (12.12.2018) Веќе традиционално, втора година по ред, и овој декември на 27ми, 28ми и 29ми поголем број ресторани и кафетерии ќе се трансформираат во „Место со срце“ и ќе бидат дел од Новогодишната кампања на СОС Детско село Македонија. Нивната цел ќе биде во овие празнични денови да се поттикне хуманоста, подарувањето радост и Скопје да се исполни со новогодишен дух.

Ве повикуваме да го испиете своето омилено кафе, или пак го нарачате вашиот омилен оброк во едно од Местата со срце: Ресторан Градина, Гет кафе, Ресторан Гет, Пастрмајлија Грил Хаус, Сендвичара 7ца, Пелистер, Локал 45, Кафе Круг, Скопски мерак, Кантина, Кафе Галери, Play café, Bella Vista, Soul Kitchen, Диван Бистро, игротека Имагинариум, Ли кафе, City Hall, Ресторан де Гама, Енрико, Вели иф, Рустикана 2.0, Brown Sugar bar, Baking Bread, Игротека Авантура, Fashion Lounge bar, Diamond Restaurant и Дамил кои ќе го поддржат СОС Детско село во неговата мисија „Ниту едно дете не треба да расте само “. На тој начин и Вие ќе ја дадете својата поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите родители.

Но, од СОС Детско село сѐ уште го поставуваат прашањето, „Кое е твоето место со срце?“ и за да го дадете одговорот, но и да ја споделите оваа акција може да ја посетите официјалната фан страна.

Минатата година, благодарение на сите кои се вклучија во „Место со срце“ за СОС Детско село беа собрани околу 130.000 денари. Средствата беа наменети за едукативниот процес на повеќе од 150 деца и млади, без родителска грижа и социјални ризици, на училишна возраст. Оваа година бројот на локали кои ќе учествуваат секојдневно расте. Ако и Вие сакате да станете Место со срце овој декември, јавете се на 072 22 00 38 и добијте ги сите потребни информации.

Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Чичко Крсто од Кратово е 52 години во љубов со тетка Пале: „Секое утро ја будам со бакнеж во образ, ... „Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам - со моето...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg