Новогодишното одбројување започна - Израдувајте ги вашите дечиња со најубавите производи од Винчини

За време на новогодишните и божиќните празници, христијаните ширум светот го слават раѓањето на Исус Христос. Традиционални божиќни декорации ги красат плоштадите на градовите и домовите на верниците. Овој период од годината целата магија ја ткае новогодишната елка, светилките и украсите, подароците и среќните лица на луѓето.

novogodisnoto-odbrojuvanje-zapocna-izraduvajte-gi-vasite-decinja-so-najubavite-proizvodi-od-vincini-01.jpg

Во многу региони во Франција, новогодишните празнувања започнуваат со празникот Сент Николас прва недела од декември. Децата добиваат слатки и мали дарови. Некои историски податоци сведочат за првите декорирани новогодишни елки кои се забележани токму во северните делови на Франција. Во очи новогодишната ноќ, децата ги чистат своите кондурчиња и ги редат близу до каминот, верувајќи дека Дедо Мраз ќе им остави слатки во изобилство.

Во Исланд, според традицијата децата закачуваат чорапчиња на прозорите и чекаат стариот дебел дедо да ги наполни со слатки. На другиот крај на светот, во Филипини постои многу интересен празничен обичај. Децата изработуваат светилници во форма на ѕвезди, главно од бамбус и хартија кои се нарекуваат ‘paról’. Со нивните рачно изработени светилници тие ги обиколуваат домовите на соседите, пеат песни, а возрасните ги наградуваат со слатки. Малку поинаква божиќна и новогодишна прослава имаат децата во Австралија, каде сега преовладуваат летни температури. Тие се собираат со семејството на плажа и уживаат во пикник, дружење и песна. 

novogodisnoto-odbrojuvanje-zapocna-izraduvajte-gi-vasite-decinja-so-najubavite-proizvodi-od-vincini-02.jpg

Според обичаите во Македонија, децата ги прославуваат новогодишните празници со приредби, претстави и многу пакетчиња со слатки кои им ги подаруваат родителите, роднините, учителките и сите кои сакаат да ги израдуваат. Пишуваат писма со желби, учат песнички и одбројуваат до моментот кога ќе ги отворат пакетчињата со вкусни слатки задоволства. Подарувањето за Нова Година е традиција во сите земји во светот, затоа што благото е синоним за среќа и задоволство. Винчини и оваа година за своите најдраги го направи најдобриот избор од својот асортиман и го спакува во новогодишните пакетчиња. Израдувајте ги вашите дечиња и истовремено бидете сигурни во квалитетниот избор на слатки кои ќе им го понудите.

Би можело да ве интересира:

Новогодишната магија пристигна и во Велес – градот украсен со голема елка и безброј светилки Покрај магичните Крива Паланка и Штип, и Велес блесна во новогодишен сјај – дрвј...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...

Најчитани неделава