Доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање!“ на Шпаркасе Банка

Денес, во 12:00 ч. во салонот на „Аутомакедонија“ во Автокоманда, беа доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за Мастер уживање!“, која беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички Mastercard, во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година.

dodeleni-nagradite-od-nagradnata-igra-golemi-nagradi-za-master-uzhivanje-na-shparkase-banka-01.jpg

Официјалното извлекување се одржа на 20.12.2018 г., во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, под контрола за регуларност на тричлена комисија, составена од двајца претставници од Банката и овластен нотар.

Право на учество во наградната игра имаа сите постојни и нови корисници на платежните картички Mastercard и Maestro издадени од Шпаркасе Банка, кои со секоја трансакција над 300,00 денари во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година стекнуваа шанса за учество, а со бесконтактната картичка Mastercard Debit двојно учество. Одличните награди привлекоа големо внимание и им донесоа голема радост на среќните добитници:

  • ВИКТОРИЈА ПЉАКОСКА од Охрид - добитник на автомобил Opel Crossland X
  • СЛАВИЦА НИЧЕСКА од Струга – добитник на зимување за двајца во Австрија
  • МИЛЕ ПАВЛОВ од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х
  • ЛАЗО УЗУНЧЕВ од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х
  • ВЕРИЦА СИНАДИНОВСКА од Гостивар - добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите семејства и да останат верни корисници на услугите на Шпаркасе Банка Македонија!

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава