Македонскиот streetwear бренд „Шизик на ризик“ отвори сопствена продавница

После неколкумесечно функционирање на својата онлајн продавница и брзо стилско препознавање на дизајните на скопските улици, домашниот streetwear бренд „Шизик на ризик“ (Sheezick na reezick) во центарот на Скопје ја отвори својата продавница.

makedonskiot-streetwear-brend-shizik-na-rizik-otvori-sopstvena-prodavnca-01.jpg

Сместена на Васил Главинов 10, во близина на „Кастом паб“ и Шпанската абмасада, во многу шизичка атмосфера изложени се дизајните на Сташа и Божо, тандемот зад брендот. 

Веќе ја знаеме првата колекција на маици, торби и дизајните од линијата посветена на Скопје, сега „Шизик на ризик“ понудата ја прошири со маици со нови дизајн решенија, dropshirt блузони со кратки ракави, дуксери и блузони, плетени капи, snapback капи, нови детски маици, брендирани шолји, а наскоро ќе има ранци, ташни и нови принтови аплицирани на креациите.

makedonskiot-streetwear-brend-shizik-na-rizik-otvori-sopstvena-prodavnca-02.jpg

Деновиве огромно внимание привлече лимитараната линија на дуксери и блузони на кои ги препознавме референците на НАСА, Бушава азбука, амбалажата на цигарите „Филтер“ и Камени Мост.

Присуствуваме и на снимањето на новиот lookbook во кои се појавуваат младите шизици Александар, Емил и Миа, и набргу ќе ви ја претставиме комплетната фотосесија.

По повод отворањето на SHZK продавницата има голем попуст на производите, а во овие празнични денови брендот нуди и многу поволни новогодишни пакети од неколку производи.

makedonskiot-streetwear-brend-shizik-na-rizik-otvori-sopstvena-prodavnca-04.jpg

makedonskiot-streetwear-brend-shizik-na-rizik-otvori-sopstvena-prodavnca-05.jpg

makedonskiot-streetwear-brend-shizik-na-rizik-otvori-sopstvena-prodavnca-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава