Витаминка и оваа година учесник на саемот во Келн

(Прилеп, 28.01.2019) – Започна најголемиот и најважен саем за кондиторски производи и закуски, ISM во Келн, Германија а Витаминка и оваа година е присутна со целосниот свој асортиман соодветно на профилот на саемот. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, учеството и претставувањето во Келн е клучно и значајно за унапредување на производството и проширување на присуството на странски пазари.

vitaminka-i-ovaa-godina-ucesnik-na-saemot-vo-keln-01.jpg

ISM Келн е најголемиот и најважен саем во светот за кондиторски производи и закуски што се одржува еднаш годишно. Пред најголемите компании од секторот, присутни од целиот свет се презентираат нови трендови, иновативни производи и перспективи и токму тука е предноста и бенефициите од овој саем, а со нашето присуство покрај нови купувачи, партнери и пазари и дополнителна афирмација за компанијата, како претставник го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава.  Очекуваме и оваа година нашето претставување да биде успешно и да воспоставиме нови соработки и бизнис релации“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Како важна деловна и комуникациска платформа, саемот ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Од долгогодишното и редовно присуство на овој саем, Витаминка има позитивно искуство, бројни нови купувачи и воспоставено многу соработки.

vitaminka-i-ovaa-godina-ucesnik-na-saemot-vo-keln-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава