“Убавината се крие во природата! Таа е неисцрпен извор за еден уметник”- Дејан Мачуков

ubavinata-se-krie-vo-prirodata-taa-e-neiscrpen-izvor-na-eden-umetnik-dejan-macukov-01.jpg

Природата била инспирација за сите големи сликари, па и за вас е извор на инспирација. Што гледате што „обичното око“ не може да го види?

Уште како мал почувствував некаква посебна поврзаност со природата целото детство го поминав надвор, имав доживеано многу интересни моменти во неа..Посебната топлина , ми навираат безброј емоции,прават да заборавам на времето и на минатото.. да го почувствувам она што доаѓа, она што поминало и она што токму е во контекст со моето постоење... Уметникот е всушност постојан трагач по убавината.

Тие што те познаваат, знаат дека имаш посебна нескротлива енергија која те тера да работиш,ова е твојот начин на изразување?

Јас живеам со уметноста, таа е моето секојдневие. Едноставно, потребата за цртање ми доаѓа од внатре! Тоа е нешто што е посилно од мене. Ме исполнува кога ќе завршам одредено дело. Ме радуваат и коментарите и критиките од пријателите, што значи дека кај нив сум предизвикал одредена реакција, одредено чувство. Се случувало на моменти другарите, роднините, самоиницијативно да ми објаснат што почувствувале додека ги гледале моите слики, и често сум изненаден колку успеале да прочитаaт од нив, да ја разберат пораката која сакам да ја пренесам.

ubavinata-se-krie-vo-prirodata-taa-e-neiscrpen-izvor-na-eden-umetnik-dejan-macukov-02.jpg

Дали постои некој сликар кој бил посебна инспирација за тебе, со твоето ликовно созревање?

Па, ги има многу еве накратко би издвоил неколку: Аршил Горки, Вилем де Кунинг и Џексон Полок, бев фасциниран од слободата коja ја имаат во нивното сликарство и од ,,страшниот" колорит.Но, сепак мислам дека желбата да се создаде нешто свое, оригинално, прпеознатливо за мене, и мојата уметност, секогаш доминирало.

Од каде талентот за сликање? Дали во вашето семејство имало уметник?

Имало, но не продолжиле со нивно школување и усовршување едноставно не посветиле повеќе внимание на тоа. Генот сум го наследил, сигурно, ама ете кај мене се создале услови да можам целосно да се посветам на уметност.

ubavinata-se-krie-vo-prirodata-taa-e-neiscrpen-izvor-na-eden-umetnik-dejan-macukov-03.jpg

Предавате во средно училиште во Богданци, што ги советувате децата?

Секогаш да имаат контакт со уметноста.. и кога човек е најтажен може за миг да се отргне од сите проблеми ако бар малку се посвети на уметноста. Ги охрабрувам да цртаат, слободно да се изразуваат, ги информирам дека не постојат грешки во цртањето ако се направи добар концепт пред да се почне со цртање. Да го сакаат тоа што го работат и да се трудат да создаваат убавина затоа што убавината се создава со труд а трудот станува лесен и преминува во задоволство кога нештото се сака. Да не бараат брз и вртоглав успех туку да одат напред чекор по чекор и да остават нешто вредно позади себе кое ќе го облагодати општеството во кое живеат и ќе ја трасира патеката на генерациите што следат.

За што сонува Дејан Мачуков?

Во денешно време ако земеме во обзир до каде се е стигната уметноста, и во каква состојба е, тешко дека може да се сонува за некој сон, но сепак работата и трудот кој се вложува во она што успешно знаеш да го работиш секогаш може да донесе нешто. Секогаш сум опимист, и верувам во она што го работам. Се друго ќе си дојде!

ubavinata-se-krie-vo-prirodata-taa-e-neiscrpen-izvor-na-eden-umetnik-dejan-macukov-04.jpg

ubavinata-se-krie-vo-prirodata-taa-e-neiscrpen-izvor-na-eden-umetnik-dejan-macukov-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Наша докторка со впечатлив моден стил (фото) „Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, д...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg