Работи кои одат заедно во тројка

Тројното дејство на Септолете Тотал во потрага по работи кои создаваат совршена тројна целина

raboti-koi-odat-zaedno-vo-trojka-001.jpeg

Што е повкусно од чоколаден сладолед? Сладолед од ванила, јагода и чоколадо! Сигурно веќе ја добивате правата асоцијација, а тоа е дека се работи за познатиот Наполитански сладолед сочинет од три посебни слоја формирајќи го ова виножито од вкусови. Топлите денови се на прагот и првата асоцијација која ни дојде кога се запрашавме кои работи прават совршена целина во тројка беше овој сладолед. Слично како Септолете Тотал и неговото неприкосновено тројно дејство, така и овој сладолед има своја магија во мешавината на најдобрите три вкуса: јагода ванила и чоколадо.

Отидовме малку подалеку и се запрашавме како воопшто е настанат овој познат рецепт?

Можеби историјата на сладоледите ги има заборавено легендите за нивното создавање, но една од нив со сигурност ја знаеме и потекнува од југот на Италија, од градот Наполи.

Приказната започнува во периодот на ренесансната Европа кога трговските размени со далечната Азија се случувале низ Италија како главна трговска рута меѓу овие две земји. Па така, италијанските готвачи биле првите кои го забележале потенцијалот на сладоледот. Низ вековите и со промената на модата и технологијата, италијаните биле вистински иноватори во креирање на нови начини за производство, како и нови технолошки пронајдоци во областа на ладење и правење на вкусни и волшебни рецепти за сладолед.

Откако сладоледот ги освоил Италија и Европа помеѓу 15-тиот и 18-тиот век, модните промени од 19-тиот век им донеле на италијанските производители на сладолед нови предизвици и тешка задача – реоткривање на убавината на сладоледот и создавање на потполно нов рецепт. Нивното решение било едноставно – тие создале сладолед кој ќе комбинира повеќе вкусови во еден единствен сладолед, лесен за производство и транспорт. Нивниот пронајдок бил токму наполитанскиот сладолед, кој се здобил со големо внимание и популарност откако бил пуштен во јавноста во почетокот на 19-тиот век.

Сега откако ја знаете и историјата на ова рајско задоволство поканете ги вашите пријатели на слатко разладување на вашите грло и раскажете им ја оваа кратка приказна за создавањето на наполитанскиот сладолед.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава