„Партнер + кредит“ нов бизнис кредит од Охридска банка Сосиете Женерал наменет за мали и средни претпријатија

Преку Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија на Европската банка за обнова и развој, Охридска банка Сосиете Женерал го лансира „Партнер+“ кредитот со можност за 15% грант финансиран од Европската унија.

partner-kredit-nov-biznis-kredit-od-ohridska-banka-societe-general-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-01.jpg

Со својот труд постојано насочен кон создавање на подобри бизнис услови за реалниот сектор, Охридска банка Сосиете Женерал го претставува “Партнер+” кредитот наменет за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија. Охридска банка Сосиете Женерал го разви Партнер+ кредитот како дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија во Македонија на Европската банка за обнова и развој. 

Партнер+ кредитот им нуди можност на корисниците да добијат  15% грант од износот на финансираната инвестиција. Грантот е финансиран од Европската унија и се однесува на успешно завршените проекти на македонските мали и средни претпријатија во насока на заштита на животната средина, безбедност и квалитет на производите и здравје на работното место. 

Со Партнер+ кредитот, малите и средните претпријатија добиваат можност да ги подобрат работните услови во својата околина и со тоа да се приближат до директивите на Европската унија. 

Дополнителна вредност на овој нов производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал е тоа што за реализација на проектите, на располагање се стручни консултанти за олеснување на процесот на апликација, како и изработка на технички бизнис план за прикажување на издржаноста на инвестицијата и нивото на позитивно влијание на истата врз активностите на компанијата.  

Партнер+ кредитот се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. 

Инвестициите реализирани преку Партнер+ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал опфаќаат инвестиции во индустриски објекти, опрема, софтвер, подобрување на системите за менаџирање во компанијата и останати промени што целат кон придржување на директивите на ЕУ за заштита на природата, безбедност на вработените и квалитет на производите. 

Новиот кредит на Охридска банка Сосиете Женерал е чекор напред во континуитетот на реализирање на програми на Европската банка за обнова и развој. Конкретно, Охридска банка со својата експертиза успешно ја реализираше и програмата на “GEFF” на ЕБОР, каде што преку А++ кредитот инвестира повеќе од 2 милиони евра во зелената економија, исплати повеќе од 230 000 евра грантови овозможени од Европската унија и финално, над 200 домаќинства имплементираа енергетско ефикасни технологии во своите домови. 

Повеќе информации за Партнер+ кредитот се достапни на овој линк, во мрежата на експозитури на Охридска Банка,, како и на Контакт центар 02 15 050. 

partner-kredit-nov-biznis-kredit-od-ohridska-banka-societe-general-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-02.png

Би можело да ве интересира:

Мала глумица како мама и тато – Првите кадри на ќерката на Емра Куртишова и Петар Стојановски „Првиот филм на Лена“ – напиша Емра Куртишова на фотките во кои се гледаат првит...
Познати македонски личности што кариерата ја почнале како деца – Се сеќавате ли на нивните почетоци? Денес се некои од најпознатите актери и музичари, а кариерата ја започнаа уште д...
Отворен и петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, во Велес Вчера, Велес стана дом на петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакн...
Македонка објави магични фотки од Аурора Бореалис во Норвешка „За широки хоризонти и нови свесни авантури“ – авторката и тренер за личен разво...
Маја Кикириткова за предвремено родените син и ќерка: „Со двете деца ми се одлепи плацентата, иако и... „Многу е битно да знаете дека предвремено родените деца заостануваат во растот и...
Емотивен Фејсбук статус: „Најубавата честитка од детенце со аутистичен спектар на нарушување“ Авторката на книгата „Гласот од тишината” Амела Мемиш Апостоловска вчера на нејз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg