Кој е македонскиот производ што ја освои Саудиска Арабија?

Производите за здрава храна на “Виталиа” сериозно го освојуваат азискиот континент. Овој пат тоа е најголемата земја на Арапскиот Полуостров – Саудиска Арабија, а соработката и пласманот на овој македонски бренд започнаа во 2017 година.

koj-e-makedonskiot-proizvod-sto-ja-osvoi-saudiska-arabija-01.jpg

Најмалку педесет производи од „Виталиа“ можат да се најдат на полиците во маркетите во Саудиска Арабија, а од нив најголем интерес има за премиум баровите и спортските барови.

Овој успех се должи на квалитетот на внимателно селектираните производи кои се одликуваат со здрави нутритивни состојки и врвен квалитет.

Во Саудиска Арабија се наоѓаат најсветите муслимански места – Мека и Медина. Таму половина од населението го сочинуваат лица помлади од 25 години, па логична е и потребата за здрава исхрана и вежбање. Од октомври 2018 година, саудиската економија стана најголема на Блискиот Исток и 18-тата најголема во светот.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија.  Иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...

Најчитани неделава