Средношколци подгответе се за конференцијата „Да го следам ли својот сон?“

Во сабота, на 13 април, во просториите на Meѓународното училиште НОВА, со почеток од 11 часот, па се до 16 часот, традиционално ќе се одржи по седми пат конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“. Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера.

srednoskolci-podgotvete-se-za-konferencijata-da-go-sledam-li-svojot-son-01.jpg

За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколците од цела Македонија, со фокус на 2-ра и 3-та година, сè со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.

Овој традиционален настан, во изминативе шест години го имаат посетено повеќе од 700 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија. Местата за настанот се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

srednoskolci-podgotvete-se-za-konferencijata-da-go-sledam-li-svojot-son-02.jpg

Во продолжение е и агендата на конференцијата:

 7-ма Ротари конференција за професионална ориентација „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“

Агенда

11:00 - 12:30  Отварање на конференцијата и пленарна сесија (обезбеден вебстриминг на www.nova.edu.mk)

Воведно обраќање на Сашка Костовска - Длака – претседател на Ротари клубот Скопје Камен Мост за 2018/19

Обраќања на:

Виктор Мизо – Извршен директор на Костал Македонија

м-р Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар компани, основач и менаџер  на Завар дизајн и Претседател на MAMEI

Бранко Огњановски – продуцент

12:30-12:45 Кафе пауза

12:45-13:45  Прва break-out сесија во мали групи

Професионални области*:

  • Архитектура и градежништво;
  • Економија, бизнис и финансии;
  • Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;
  • Маркетинг, медиуми и односи со јавноста;
  • Маркетинг менаџмент и комункации;
  • Право и адвокатура
  • Настава, наука и истражувања

13:45 -14:30 Ручек и дружење со учесниците

14:30-15:15 Втора break-out сесија во мали групи

Професионални области*:

  • Архитектура и градежништво;
  • Економија и финансии;
  • Бизнис и претприемништво;
  • Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;
  • Маркетинг менаџмент и комункации;
  • Медицина, стоматологија и фармација;
  • Право и адвокатура
  • Уметност, дизајн и креативни индустрии

* Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост

srednoskolci-podgotvete-se-za-konferencijata-da-go-sledam-li-svojot-son-03.jpg

srednoskolci-podgotvete-se-za-konferencijata-da-go-sledam-li-svojot-son-04.jpg

srednoskolci-podgotvete-se-za-konferencijata-da-go-sledam-li-svojot-son-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...

Најчитани неделава