Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

Со Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група има шест од десетте најдобри регионални брендови.

beiersdorf-nov-partner-na-atlantik-grupa-vo-makedonija-001.jpg

Скопје, 25. април, 2019.– Во средината на март, Атлантик група потпиша договор за соработка за дистрибуција во Македонија со Beiersdorf, глобален козметички производител на брендови за лична нега. Портфолиото на производи кои влегуваат во дистрибутивниот асортиман на Дистрибутивното подрачје Македонија за Атлантик Група, е на водечките позиции во категориите за лична нега -  нега на лице, нега на тело, нега за усни, универзална крем за нега на кожата и козметички производи за мажи. Така, во дистрибутивното портфолио на Атлантик Група на македонскиот пазар ќе бидат додадени уште некои глобално - познати брендови како Nivea, Labello, Hansaplast и Atrix. Вкупната вредност на очекуваната годишна продажба изнесува над 4 милиони евра.

Продолжува деловната експанзија со реномирани партнери низ целиот регион.

"Со новата соработка, Атлантик Група ја потврдува својата стратешка позиција во дистрибуцијата, која подразбира соработка со брендови со највисоки стандарди и јасно маркетиншко позиционирање на пазарот. Со вклучување на брендот Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група денес има вкупно шест, од десетте најдобри регионални брендови (според Valicon истражувањето). Со посебно задоволство ќе продолжиме да го шириме асортиманот во Македонија, зајакнувајќи ја позицијата на  водечки дистрибутер на пазарот", вели Перица Вичишки, извршен директор за дистрибуција во Македонија.

Дистрибутивниот бизнис е важен столб во целокупното работење на Атлантик Група и нејзината севкупна стратегија, што се потврдува и со последниот договор за соработка со Beiersdorf. По постигнувањето на одлични резултати со ширењето на работното портфолио со Red Bull во Србија и Mars групата во Хрватска минатата година, новиот договор за дистрибуција на почетокот на 2019 ја потврдува одлучноста на компанијата секојдневно сè повеќе да се развива.

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Тура на убавина низ Македонија: Ирина Камилоска - тетовка, Верица Донев - валандовчанка Oд Охрид до Прилеп и Струмица, Македонија е дом на прекрасни жени... Ајде да нап...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Германец се воодушеви од Шар Планина, објави видео додека борда: „Ова не се Алпи, Македонија е!“ „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа? Нема лифтови, не...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...

Најчитани неделава