Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идрис“
- Детали
- понеделник, 02 март 2026
„Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас прашаа каде исчезнав… Па… Бев зафатен грижејќи се за моето бебе, моето момче Идрис!“, напиша Мустафа Ахмед од Сомалија, кој иако живееше само неколку години во Македонија - не може да ја преболи нашата татковина.
фото: digitalboxmk
Мустафа Ахмед е дечко чиишто видеа од Македонија редовно стануваа вирален хит на социјалните мрежи, додека живееше тука и снимаше забавни сцени.
Toj повеќе не живее во Македонијa, но уште е вљубен во нашата татковина.

Инаку, има посетено над 30 земји, но подолго време престојуваше и се враќаше во нашата земја, а во мај 2025-та допатува за во нашата држава да ја направи својата свадба.
Со својата избраничка и најблиските роднини и пријатели тој го славеше овој убав повод во Охрид.

Со бајковито опкружување, дечкото познат како „Travelsofmozzy“ на Инстаграм, каде има повеќе од 129.000 следбеници за својата сакана приреди венчавка од соништата.

Но, сега таа му го приреди најубавиот миг во животот со доаѓањето на нивниот син на овој свет.

Мустафа стана татко, а на Инстаграм напиша:
„Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина.
Некои од вас прашаа каде исчезнав… Па… Бев зафатен грижејќи се за моето бебе, моето момче Идрис!“.
Уште неколку фотки од Мустафа:


Прочитајте и Дечко од Сомалија, дал отказ за да патува низ светот и останал во Македонија: „Во Драчево има најдобар кромид“
С. С. | Црнобело
фото: digitalboxmk
