Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дечко, што посетил 32 земји, остана да живее во Македонија извесен период - како ја доживува? (фото)

„Уште не ми се верува дека одлучив да живеам во Скопје во наредните 3 месеци. Но, мило ми е поради оваа одлука. Во животот треба да доживувате искуства и да растете...“, напиша Мустафа Ахмед во март, но изгледа се вљуби во нашата држава и остана многу подолго - тука е сè уште.

dechko-shto-posetil-32-zemji-ostana-da-zhivee-vo-makedonija-izvesen-period-kako-ja-dozhivuva-foto-01.jpg

Мустафа Ахмед досега поминал повеќе од 32 земји, а искуствата од патувањата ги споделува на својот Инстаграм профил TravelsOfMozzy, на кој има повеќе од 4.000 следбеници.

На крајот од март Мустафа на својот Инстаграм профил објави дека останува да живее во Македонија 3 месеци, но со оглед тоа што веќе е крајот на годината изгледа му се допаднало, па сè уште живее тука.

Тогаш Мустафа објави:

„Уште не ми се верува дека одлучив да живеам во Скопје во наредните 3 месеци. Но, мило ми е поради оваа одлука. Во животот треба да доживувате искуства и да растете. Ако не си дозволите себеси нови искуства, тогаш како ќе растете како индивидуа?“

Мустафа живее под кирија во стан во скопската населба Кислеа Вода, воодушевен е од изгледот на нашите банкноти и често пробува различни македонски јадења и го споделува впечатокот на Инстаграм.

Ајде да ја погледнеме нашата држава низ очите на еден дојденец.

Дел од неговите фотографии направени во Македонија:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хуман дечко од Битола спаси куна, која била речиси мртва - ѝ давал млеко со цуцла, ја однел на ветер... Браво! Јове (31) од Битола е нашата позитива на денот. „Еден другар ми се јави д...
Дечко од Радовиш ја запроси саканата во пустина во Дубаи на роденденско патување (фото) „Дубаи беше една од најпосакуваните дестинации како избор за роденденско патувањ...
Исповед на Јован од Тетово: „Вдомив маче, беше преплашено, не се доближуваше до никого - кои работи ... „Ми викаа, да го вратам на улица, а мене тоа не ми ни паѓаше на памет. Кој сака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg