Виталиа чекор понапред во освојување на Азискиот пазар

За успешните компании кои креираат иновативни производи ниеден пазар не е неосвоив.  А колку тој е далечен, поголем, поразличен и на него постои голема конкуренција, предизвикот е уште поголем. Македонската компанија за здрава храна Виталиа уште одамна го прифати тој предизвик, и храбро чекори кон освојувањето на нови конкурентни пазари.

vitalia-odi-cekor-ponapred-so-osvojuvanje-na-aziskiot-pazar-01.jpg

Со таа цел е и овогодинешното учество на најголемиот азиски саем, и еден од најголемите во светот "SIAL" Шангај, на кој оваа година изложуваат над 4300 успешни светски компании на 17 различни саемски сали, а се очекува присуство на над 112.000 претставници од компании и светски ланци на супермаркети. Целта на саемите SIAL низ целиот свет е да ги претстави глобалните трендови за храна и исхрана, да ги собере заинтересираните страни од секторот и да ги организира овие состаноци под симболот - иновација на храна. Затоа, посебно место во рамките на саемот зазема "SIAL Innovation" штандот на кој се претставуваат најиновативните светски производи претходно оценети и избрани од посебна комисија. На овој штанд се претстави и Виталиа со линијата на продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген,  кои претставуваат нов тренд во функционалната здрава исхрана.

vitalia-odi-cekor-ponapred-so-osvojuvanje-na-aziskiot-pazar-02.jpg

Самото учество во оваа избрана селекција на "SIAL Innovation" штандот е огромно признание за Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемите и индустриските изложби играат витална улога во воспоставување на лидерско место на пазарот и градење на ефикасна база на контакти. Изложувачите имаат шанса да ја презентираат најновата иновации, а истовремено да се стекнат со експертиза, да запознаат нови луѓе кои можат да бидат потенцијални клиенти и да добијат инспирација од светските трендови.

vitalia-odi-cekor-ponapred-so-osvojuvanje-na-aziskiot-pazar-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава