Тестирање на 5G технологија – партнерство на Македонски Телеком и ФЕИТ

testiranje-na-5g-tehnologija-partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-feit-01.JPEG

  • Студентите на ФЕИТ меѓу првите ќе ја тестираат новата  технологија што ќе се воведе во Европа по 2020 година

Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија.

Македонски Телеком ќе инсталира 5G опрема и уреди за тестирање со што ќе им овозможи на студентите и професорите први да работат на функционалностите на овој нов технолошки стандард. Добиените резултати ќе се користат за научни цели и унапредувања на услугите кои во иднина ќе им бидат достапни на корисниците.

Тестирањата ќе се прават на новата опрема од Македонски Телеком и во новата 5G Evolution Laboratory“ во рамки на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи, која припаѓа на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ.

testiranje-na-5g-tehnologija-partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-feit-02.JPEG

„Нашите професори и студенти повеќепати се наградувани со престижни признанија за проекти што се развивале во постојната лабораторија. Отсега, со новата 5Ge опрема и уреди, во новоформираната лабораторија ќе ја имаме првата и единствена можност во земјава за тестирање, експериментирање и проучување на реални сценарија поврзани со идните технологии. Реалното тестирање на оваа технологија ќе им даде голема предност на нашите професори, соработници и студенти и сигурна сум дека ќе продуцира нови решенија и иновации“, изјави Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ.

5G или мрежата на петтата генерација во наредните години не само што ќе донесе огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и комуникација во реално време, туку целосно ќе го смени начинот на којшто функционира нашето општество.

testiranje-na-5g-tehnologija-partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-feit-03.JPG

„Ние интензивно работиме на подготовки за воведување 5G и планираме инвестиции во мрежата за таа намена. Минатата година го изведовме првото 5G демо во регионот, а до крајот на годинава ќе имаме платформа со која ќе добиеме искуства во реално опкружување. Потребни се уште многу тестирања, но сè повеќе се доближуваме до комерцијалната фаза. Партнерството со ФЕИТ е уште еден чекор кон развој на 5G технологиите, но и многу повеќе од тоа, затоа што ќе им даде предност на студентите, идните телекомуникациски професионалци, и на професорите први да ја тестираат новата револуционерна технологија која сè уште целосно не е воведена во Европа“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

testiranje-na-5g-tehnologija-partnerstvo-na-makedonski-telekom-i-feit-04.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Први кадри од Даниел Кајмакоски по немилиот настан, додека се трага по киднаперите со турско потекло... Прва по киднапирањето на Даниел Кајмакоски се огласи неговата мајка Ружа, а пото...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава