Диети препорачани од Светската здравствена организација

Стручни лица од Светската здравствена организација, анализирале 41 режим на исхрана, па направиле листа на најдобрите диети.

dieti-preporacani-od-svetskata-zdravstvena-organizacija-01.jpg

Топ-листата е составна врз основа на неколку фактори, како што се ефективноста на диетата околу намалувањето на тежината, баланс, достапност на цените, ефекти врз крвниот и ендокриниот систем.

Така, во првите три, се наоѓа флекситаријанството. Оваа диета вклучува растителни протеини, зеленчук и јаткасти плодови.

Флекситаријанството е всушност „флексибилно вегетаријанство“, при што месото не е така строго забрането, но се консумира многу ретко.

dieti-preporacani-od-svetskata-zdravstvena-organizacija-02.jpg

На второ место е диетата ДАШ, којашто првично била наменета за пациенти со хипертонија, оти ефикасно го намалува нивото на холестерол. Диетата е слична на популарниот средоземноморски режим, бидејќи опфаќа консумација на повеќе овошје и зеленчук, млечни производи, бело месо, риба, зрнести и јаткасти плодови, како и житарици.

На врвот на листата на СЗО, е таканаречената. „средоземноморска диета“, што покрај ослабувањето, го намалува и ризикот од дијабетес. Таа ефикасно ги топи килограмите, што пак, го снижува ризикот од срцев удар и предвремена смрт.

Овој режим на исхрана препорачува зрнести плодови, многу овошје и зеленчук, грав, боранија, но и по некоја чаша вино. Јаткастите плодoви, рибата и зејтинот обезбедуваат мононезаситени масти, коишто позитивно влијаат на холестеролот. Додека муслите и житариците, ни ги даваат потребните диететски влакна за да го одржиме нашиот дигестивен систем во оптимална состојба.

Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме.

dieti-preporacani-od-svetskata-zdravstvena-organizacija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Дарко од Скопје ја запроси саканата Ивана на јахта на Мајорка: „Имав помош од агенција за настани, о... „Ја излажав дека одиме во ресторан, а по претходно договорено сценарио, човекот ...
Mакедонка за гужвите на граница кон Солун: „Новиот систем на проверки значи 15 минути по возило, бав... „Пред да тргнеш на викенд во Солун или каде било во Грција, прочитај го ова... Н...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...
Маја од Охрид цело лето си прави тематски забави со лимони: „Декорации купувам кај нас, инспирација ... „Сè започна со еден роденден во фамилијата - ја декорирав трпезата со жолти тоно...
Полна сала за светската премиера на дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Ч... На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фест...

Најчитани неделава