Mакедонка за гужвите на граница кон Солун: „Новиот систем на проверки значи 15 минути по возило, бавно оди“
- Детали
- среда, 08 април 2026
„Пред да тргнеш на викенд во Солун или каде било во Грција, прочитај го ова... На граница моментално има нов систем на проверки и тоа МНОГУ го успорува процесот. Секој патник се фотографира и се земаат отпечатоци, и на влез и на излез“, вели Софија Јанева и открива каква е состојбата на Евзони.

Инфлуенсерката Софија Јанева со сопругот и синот Матео (1) беше на викенд во Солун.
Но, на граница тие се соочиле со многу гужви и чекање, поради новиот систем на проверки.

Таа на својот Инстаграм профил испраќа апел за сите што ќе патуваат:
„Пред да тргнеш на викенд во Солун / Грција, прочитај го ова...
На граница моментално има нов систем на проверки и тоа МНОГУ го успорува процесот. Секој патник се фотографира и се земаат отпечатоци, и на влез и на излез.

Во пракса тоа значи дека се чека околу 15 минути по возило, а ако има гужва, лесно може да се претвори во многу подолго чекање.
Ние заглавивме прилично и во двата правци, па дефинитивно ова е нешто што треба да го имаш предвид кога го планираш патувањето.

Ако одите со дете, задолжително спремете грицки, вода, нешто за занимација и малку повеќе трпение од вообичаено.

Не правете пренатрупан план веднаш по пристигнување, затоа што постои голема шанса да стигнете поуморни отколку што очекувате.
АМА да бидам искрена… чекањето вредеше. Штом стигнавме, целата таа нервоза се заборави.

Градот си ја има таа енергија што веднаш те опушта: долги прошетки покрај море, убаво кафе на секој чекор, лежерна атмосфера без притисок. Матео уживаше повеќе од сите нас!“
С. С. | Црнобело