Ако одите во Грција за Велигден: Кои денови се неработни, а кога се отворени продавниците и рестораните?

Ако патувате во Грција за Велигден, прочитајте какво е работното време на локалите и трговските центри во празничните денови...

ako-odite-vo-grcija-za-veligden-koi-denovi-se-nerabotni-a-koga-se-otvoreni-prodavnicite-i-restoranite-01.jpg

Во пресрет на Велигден многу Македонци веќе се подготвуваат да одат во Грција и таму да го дочекаат големиот христијански празник.

И исто како и кај нас, така и во Грција Велигден се слави на 12 април, а тоа значи дека некои денови ќе бидат работни, а некои не.

Па, ако планирате да ги поминете велигденските празници во Грција, добро е да знаете како функционира работното време на продавниците, трговските центри и рестораните во овие неколку дена.

На Инстаграм профилот Никана е објавена листата со работни и неработни денови и часови за Велигден.

Па така, според општите препораки на стопанските комори во земјата, очекуваното работно време за Велигден 2026 година за продавниците и трговските центри е следно:

Велики петок, 10 април - од 13 до 19 часот
Велика сабота, 11 април - од 10 до 16 часот
Велигден, 12 април - неработен ден
Велигденски понеделник, 13 април - неработен ден

ako-odite-vo-grcija-za-veligden-koi-denovi-se-nerabotni-a-koga-se-otvoreni-prodavnicite-i-restoranite-02.jpg

На Велики петок, според закон, продавниците не се отвораат пред пладне поради верски служби, па затоа работното време е ограничено на попладневните часови.

Што се однесува до рестораните и угостителските објекти, до Велика сабота на полноќ, тие работат претежно нормално, а многу Грци одат директно на традиционалната вечера (магирика) по велигденската литургија.

На Велигден (12 април), повеќето ресторани и кафулиња во градовите се затворени, бидејќи празникот се слави дома со семејството, но во туристичките места многу од нив се отворени за посетителите.

На Велигденскиот понеделник (13 април) почнува нормалното работно време (преку цел ден).

Кликнете и погледнете го видеото со сите детали и препораки:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? ... Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео...
Бакнежи со Јелена, забава со децата во Грција – Новак Ѓоковиќ ужива на јахта на Миконос и Парос (фот... Додека грчките медиуми пишуваат дека тенисерот бара имот и училиште во Атина за ...
Може да одгриза прст – Колку е опасна отровната пуфер риба која почна да се појавува во Грција? Во водите на Грција периодов е забележан зголемен број на таканаречената отровна...
Ако одите на продолжен октомвриски викенд во Солун: Кои денови се неработни? Ако неработниот 23 октомври го искористите за продолжен викенд во Солун, споделу...
Спасено 4-годишно девојче од Македонија на грчка плажа - доктори херои од Србија спречиле трагедија „Бев во водата со син ми, кога во еден миг видов како родители изнесуваат девојч...
Запросување во Грција се претвори во трагедија: Туристка изгубила свест поради мозочно крвавење, отк... 25-годишен дечко од Чешка решил да ја запроси својата девојка во црква во близин...

Најчитани неделава