Бакнежи со Јелена, забава со децата во Грција – Новак Ѓоковиќ ужива на јахта на Миконос и Парос (фото+видео)

Додека грчките медиуми пишуваат дека тенисерот бара имот и училиште во Атина за да се пресели семејството, Ноле се забавува со децата на плажа, но и во ресторан на Парос, а забележан е и низ улиците на Миконос, па како се упатува кон својата јахта со синот Стефан.

se-zabavuva-vo-restorani-na-paros-uzhiva-so-decata-na-jahta-na-mikonos-novak-gjokovikj-na-odmor-vo-grcija-01.jpg

Новак Ѓоковиќ крајот на јули го користи за семеен одмор, а пред да замине за Грција, беше забележан на хрватските острови, каде освен со сопругата, беше фотографиран со Лука Модриќ, Александар Чеферин и Матео Ковачиќ.

Сега, заедно со семејството и брат му, Ноле ужива на грчките острови, а на социјалните мрежи фановите постојано му го следат чекорот и објавуваат видеа и фотки од каде што ќе го забележат.

Кликнете на видеото:

Тој беше „уловен“ како се бакнува со сопругата, се забавува со децата, додека трча по плажа со синот Стефан и се бања во море со ќерката Тара.

/photo/1

/photo/2

Тие шетаа низ улиците на Миконос, додека фановите ги застануваа за фотка, а потоа беа видени со синот како се упатуваат кон нивната јахта.

Вчера пак, семејството Ѓоковиќ отпловило кон островот Парос, каде беа снимени во ресторанот Barbarossa, како вечераат, но и се забавуваат.

Во меѓувреме, Greek City Times пишува дека наводно тенисерот се распрашувал за златна виза за престој во Грција за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, преку купување недвижен имот, а се шпекулира и дека истражувал англиски училишта каде неговите деца ќе може да учат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg