Запросување во Грција се претвори во трагедија: Туристка изгубила свест поради мозочно крвавење, откако кажала „да“

25-годишен дечко од Чешка решил да ја запроси својата девојка во црква во близина на Лефкада. Но, откако кажала „да“, девојката изгубила свест и моментално е на интензивна нега во критична состојба.

zaprosuvanje-vo-grcija-se-pretvori-vo-tragedija-devojka-izgubila-svest-poradi-mozochno-krvavenje-otkako-kazhala-da01.jpg

Одморот во Грција на млад чешки пар се претворил во хорор откако дечкото ја запросил девојката, но таа завршила во болница.

Според неколку грчки медиуми, дечкото и девојката, на возраст од 25 и 24 години, биле на одмор во Лефкада.

zaprosuvanje-vo-grcija-se-pretvori-vo-tragedija-devojka-izgubila-svest-poradi-mozochno-krvavenje-otkako-kazhala-da-05.JPG

Во саботата (05.07), тие отишле во црква во близина на Лефкада, каде дечкото сакал да ја изненади саканата со запросување.

Според очевидците, тој клекнал на колено и ја побарал за жена, а девојката радосно го прифатила прстенот. Но, неколку секунди подоцна паднала на земја, без свест.

zaprosuvanje-vo-grcija-se-pretvori-vo-tragedija-devojka-izgubila-svest-poradi-mozochno-krvavenje-otkako-kazhala-da-03.JPG

Исплашен, дечкото почнал да вика помош, по што веднаш дошла брза помош и девојката била пренесена во болница во Лефкада.

По прегледот лекарите утврдиле дека 24-годишната девојка има крвавење во мозокот и дека е во критична состојба.

zaprosuvanje-vo-grcija-se-pretvori-vo-tragedija-devojka-izgubila-svest-poradi-mozochno-krvavenje-otkako-kazhala-da-04.JPG

Девојката веднаш била пренесена на интензивна нега во болница во грчкиот град Јанина и според досегашните информации, уште се наоѓа таму.

Идентитетот на младиот пар не е познат за јавност, со цел да се заштити нивната приватност и не е познато дали девојката претходно имала некои здравствени проблеми.

Грчките медиуми пренесуваат дека дечкото уште бил во шок и неверување бидејќи одморот од соништата им се претворил во кошмар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Девојката на Душко Тошиќ објави фотка од себе без шминка, додека тој се дружи со бившата Карлеуша и ... И додека регионалните медиуми нагаѓаат дали Душко Тошиќ избришал фотографија со ...

Најчитани неделава