Омиленото Гранд Кафе се произведува во Македонија!

Дали сте знаеле дека во нашето Скопје, се произведува еден од омилените балкански брендови Гранд Кафе!

omilenoto-grand-kafe-se-proizveduva-vo-makedonija-01.jpg

Во модерниот и современ погон во Скопје се произведуваат 29 различни производи. Тука пристигнува најквалитетното сурово кафе од типот Арабика и Робуста, директно донесено од најдобрите плантажи за кафе во Бразил, од каде рачно, внимателно и навремено е собрано, без притоа плодот да биде оштетен.

Суровото кафе се пржи под посебни услови, на температури над 220 степени, комбинирајќи високи темепратури со жежок воздух, со цел да се добијат најдобрите ароматични својства од кафето. Целиот процес е автоматизиран, подлежи на постојани контроли, се со цел да се добие квалитетен финален производ, свежо мелено кафе, според вкусот и желбите на потрошувачите.

Имплементиран е НАССР систем за безбедност, а производството се одвива според строгиот ИСО 9001 стандард. Toa е гаранција дека во Атлантик Група во чиј состав е Гранд Кафе управувањето со квалитетот е поставено на високо ниво. Производите се пакуваат во во специјални услови, во заштитена атмосфера без кислород, со цел да се постигне долготрајна свежина.

Дистрибутерот Атлантик Трејд има развиено одлична транспортна мрежа, со цел свежо меленото кафе, брзо, навремено и безбедно пристигне до местата на продажба, а оттука и до потрошувачите.

omilenoto-grand-kafe-se-proizveduva-vo-makedonija-02.jpg

Пиењето свежо мелено кафе отсекогаш преставувало култ на рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток!

Навистина има нешто во врска со таа прва голтка силно, вкусно свежо мелено кафе што ги буди нашите рецептори за вкус во устата и полека чувството на задоволство се шири низ целото тело, се активира мозокот и веќе сме подготвени за дневните предизвици.

На потрошувачите им е важна свежината на кафето, аромата, и полниот вкус кој го овозможува свежо меленото кафе. Токму затоа не е сеедно какво кафе пиете!

Свежо меленото кафе се враќа во мода и е уште поголем повод за зближување меѓу луѓето.

omilenoto-grand-kafe-se-proizveduva-vo-makedonija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава