Здравствени придобивки од возење велосипед!

Последните години, актуелни се предностите од изборот на велосипедот како превозно средство во урбаните средини.

zdravstveni-pridobivki-od-vozenje-velosiped-01.jpg

Доколку автомобилот го замените со велосипед веројатно е дека побрзо ќе стигнете на работа, бидејќи користите мрежа на велосипедски патеки, избегнувате гужви, притоа не мора да плаќате паркинг ниту бензин, да се грижите дали прописно сте се паркирале, или не дај боже “пајак” ви ја собрал колата!

Настрана од индивидуалните придобивки, со велосипедот како превозно средство нивото на загадување и бучава се намалува, имаме побезбеден и еколошки транспорт, што севкупно влијае да имаме почист и поубав град. Нема подобро превозно средство од велосипед, за на работа, за прошетка, за на кафе со пријателите, за на факултет... велосипедот е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек и на еден град!

Во продолжение се четирите главни здравствени придобивки од возењето велосипед:

Велосипедот ја подобрува работата на срцето. Ова симпатично превозно средство на две тркала помага во намалување на крвниот притисок дури до 30%, и директно придонесува да имаме поздраво срце.

Се чувствувате подобро и со поголема самодоверба. Одберете си секојдневна рута која ќе ја возите со велосипед. Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство на опуштеност и среќа, што е нешто драгоцено во денешното стресно секојдневие!

zdravstveni-pridobivki-od-vozenje-velosiped-02.jpg

Помага при намалување на тежината. Ако целите кон тоа да се ослободите од вишокот килограми, возење велосипед ќе ви биде корисна алатка.

Помага при намалување на болки од повреди. Луѓето со повреди на колената или остеоартритис, докажано е дека чувствуваат намалување на болката кога во својата секојдневна рутина вклучуваат возење велосипед.

Со возење велосипед не само што покажуваме грижа за себе и својата околина, ја покажуваме и нашата хумана страна. Вклучувајќи се во иницијативата  “Вози од срце” на Стопанска банка АД - Скопје, индиректно помагаме во донација на средства за набавка на медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.

Учеството е сосема едноставно! Возиме од срце за срце.

Приклучете се на www.voziodsrce.mk и поврзете го вашиот Strava профил, кој потоа ќе го уклучувате при возите велосипед. Целта е заедно да извозиме 1.000.000 километри, по што Стопанска банка АД - Скопје ќе ја набави и донира медицинската опрема. Сите возиме, Стопанска банка донира.

zdravstveni-pridobivki-od-vozenje-velosiped-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...

Најчитани неделава