Запознајте ја ИТ компанијата во која би посакале да работите: Symphony пристигнува во Скопје

По успешното градење заедници во Сараево, Белград и Нови Сад, Symphony ја носи својата уникатна култура во Скопје.

zapoznajte-ja-it-kompanijata-vo-koja-bi-posakale-da-rabotite-symphony-pristignuva-vo-skopje-01.jpg

Symphony е меѓународна компанија за софтверско инженерство која се раководи со мислата дека заедницата го поттикнува развојот на иновациите. Со поддршка од силни деловни канцеларии во Сан Франциско, Амстердам и Берлин, Symphony има за цел да донесе дел од најпредизвикувачките проекти за локалните ИТ заедници.

„Го забележавме огромниот потенцијал на луѓето во овој регион. Честопати разговаравме дека треба да им дадеме можност да работат на предизвици со некои од најинспиративните луѓе во светот. Во последните неколку години имавме можност да работиме со некои од најдобрите инженери кои претходно биле ангажирани од Apple, Google и Amazon, и дојдовме до заклучок дека нашите инженери работат со подеднакво ниво на квалитет како и тие. Оваа идеја кај нас се појави сосема природно и затоа решивме  да го изградиме нашиот хаб прво во Белград, потоа во Нови Сад, а сега се фокусираме на Скопје. Но, нема да застанеме тука”, вели главниот извршен директор и основач на Symphony, Харис Мемиќ за неговата одлука за изградба на хаб во Скопје.

„Во овој момент петнаесеттина лица работат во Symphony - Скопје. Тие се талентирани и амбициозни, и колку што тие учат од Symphony и ние учиме од нив. Најдоброто е што тие веќе работат на свои проекти и подеднакво учествуваат во правењето промени со остатокот од тимот на Symphony. Горди сме на фактот дека предизвикавме интерес во Скопје и се надеваме дека ќе го прошириме нашиот тим во блиска иднина”, вели Игор Николовски, кој раководи со канцеларијата на Symphony во Скопје.

Symphony ја негува културата посветена на вработување на најдобрите инженери за заедничко постигнување на врвни резултати. За да успеат во оваа мисија, тие се фокусирани во обезбедување на средина која ги зголемува перформансите и продуктивноста на луѓето на највисоко ниво и служи како центар за соработка што ќе овозможи слободно создавање идеи и решавање на проблеми од сите нивоа.

Во Symphony - Скопје, ИТ инженерите ќе имаат можност да работат во развоен центар изработен според нивните потреби, со свој личен готвач кој ќе биде одговорен за подготовка на свежи и здрави оброци секој ден, соба за релаксација, соба за рекреација и голема тераса со воодушевувачки поглед на градот Скопје.

Symphony - Скопје е во потрага по млади умови кои се подготвени да направат промена заедно со својот тим, затоа, отворете ја нивната веб-страница www.symphony.is и искористете ја можноста да се приклучите на најкул заедницата во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...

Најчитани неделава