Магична свадбена бајка во Скопје Мериот хотел

Свадбената вечер треба да биде магична, да биде исполнување на желбите на младенците и во согласност со нивната љубовна бајка. Традиционална, романтична, класична, модерна, свадбената свеченост е различна за секого и ретко кој може да продре во желбите и љубовната приказна на паровите. Затоа е потребно да ја организираат професионалци кои знаат, умеат и можат да создадат магија.

magicna-svadbena-bajka-vo-skopje-meriot-hotel-001.jpg

Лоциран во срцето на градот, Скопје Мериот хотел е идеалната локација за свадбената веселба од соништата.

Професионалниот тим на Скопје Мериот хотел може да ги исполни сите желби, да понуди нешто ново, нешто досега невидено и уникатно. Традиционално или модерно, интимно или раскошно, професионалниот тим на хотелот ќе се погрижи за младенците заедно со гостите да се чувствуваат волшебно.

Просториите на Скопје Мериот хотел нудат модерна звучна и осветлувачка технологија, топла природна светлина, а ексклузивната сала која има капацитет до 360 гости, може да биде декорирана соодветно сечии желби. Талентираниот кулинарски тим на Скопје Мериот хотел создава вкусни и уникатни специјалитети, со свадбено мени почнувајќи од 1500 денари со вклучен пијалак, задоволувајќи го сечиј вкус.

За сечија свадбена бајка да биде целосна, младенците го добиваат раскошниот претседателски апартман за првата брачна ноќ, пристап до спа центарот како и вредносен ваучер за Дистрикт бар и ресторан за првата годишнина. Програмата Marriott Bonvoy овозможува поени со кој младенците добиваат попуст за нивниот меден месец во сите Marriott хотели во светот.

Дополнително, хотелот нуди попуст од 5% доколку се резервира термин за венчавка во периодот од месец јануари до мај 2020 година.

Вистинските љубовни приказни немаат крај. Дозволете Скопје Мериот хотел да биде почетокот на најубавата љубовна магија.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Магична глетка: Расцветаа магнолиите во Охрид и Скопје (фото) Замислете сончев ден и вие на „lazy bag“ пиете кафе или аперол покрај Охридското...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава