Состојба до 11.04.2020: Во Македонија има 49 нови заболени, вкупно 685 активни случаи

Министерот Венко Филипче денес нема да одржи прес-конференција, но во соопштение објави детална состојба на заболените пациенти од корона вирус во земјава до денес.

sostoja-do-11-04-2020-vo-makedonija-ima-49-novi-zaboleni-vkupno-685-aktivni-sluchai-01.jpg

Во соопштението стои:

Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19.

По градови:
- Скопје 13
- Куманово 14
- Штип 6
- Прилеп 8
- Велес 6
- Гостивар 1
- Кочани 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19.

Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Денеска нема да ја одржиме редовната прес-конференција. Одделението за односи со јавноста во Министерството ќе одговори на сите поставени прашања од страна на медиумите.

sostoja-do-11-04-2020-vo-makedonija-ima-49-novi-zaboleni-vkupno-685-aktivni-sluchai-02.png

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава