Состојба до 29.04.2020: Во последното деноноќие има 21 новозаболени и 38 оздравени пациенти

Последна состојба според соопштението на министерот Венко Филипче - погледнете во продолжение.

sostojba-do-29-04-2020-vo-makedonija-01.jpg

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:
- Скопје 7
- Куманово 6
- Прилеп 4
- Тетово 1
- Пехчево 1
- Делчево 1
- Струга 1

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД -19.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија.

Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација.

На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.

sostojba-do-29-04-2020-vo-poslednoto-denonokjie-ima-21-novozaboleni-i-38-ozdraveni-pacienti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава