Направете 10 ЕКО основни промени во вашиот дом

napravete-10-eko-osnovni-promeni-vo-vashiot-dom-01.jpg

1. Економични сијалици

Иако енергетските штедливи сијалици се поскапи од обичните, нивниот век на траење е 10 пати подолг. Во принцип обичните сијалици 5 проценти од електричната енергија ја користат за осветлување, додека останатото преминува во топлина. Освен тоа, економската сијалица користи пет пати помалку енергија од нормалната сијалица, па е многу исплатлива.

2. Платнените торби се повторно во мода

Користете трајни торби од ткаенина за намирници за повеќекратна употреба и чувајте ги
во автомобилот за да ви бидат при рака.

3. Откажете се од навиките да палите отпад

Не палете каков било отпад во печката доколку се греете на дрва или пак отпад на отворен простор. Доволно високо загадување придонесува употребата на огревни дрва во зимскиот период или пак некои штетни нафтени деривати, замислете што се случува во воздухот со палење на дополнително штетни материи.

4. Бојадисувајте со четка

Наместо распрскувач користете четка за боење. Боите може да бидат извор на испарливи органски  соединенија кои, со користење на распрскувач може значително да се распрскаат во атмосферата.

napravete-10-eko-osnovni-promeni-vo-vashiot-dom-002.jpg

6. Штедете со казанчето во тоалетот

Скоро една третина од вкупната потрошена вода во домаќинството се должи на казанчето во тоалетот. Ако во казанчето вградите преграда за вода, тоа ќе тече колку што ќе го држите. На тој начин може да „спасите“ и до 8.000 литри вода по домаќинство годишно

7. Избегнувајте прибор од пластика

Користете садови кои се мијат, прибор и салфети од ткаенина наместо прибор за еднократна употреба.

8. Додека готвите, покријте го тенџерето

Ако го поклопувате садот во кој готвите, ќе користите струја само колку што ви е навистина потребна.

9. Топлете само потребна количина на вода

Доколку варите кафе или чај, ставете вода само колку што ви е потребна. Годишно ќе заштедите илјадници галони вода.

10. Одмрзнете ја храната

Ако планирате да одмрзнувате храна, место да ја ставате во микробранова печка, навечер ставете ја во фрижидер или на собна температура.

Затоа е потребно да тргнеме од себе и да делуваме за климатските промени. Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ финансиран од Делегација на Европска Унија во земјава, на кој работат здруженијата Центар за истражување информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ,  CNVP – Macedonia и Движењето на екологистите во Македонија-ДЕМ, а преку него гласно говорат во државава.

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава