Снеже Велков влезе во море среде зима – се загрева со оро, водата е „кочан ладна“ (видео)

„Ладно е кочан, но зборот е одржан – победа на умот и предрасудите“ – напиша Снеже во описот на видеото во кое одеднаш се затрчува и без многу размислување влегува во ладното море на Бадник. 

snezhe-velkov-vleze-vo-more-srede-zima-se-zagreva-so-oro-vodata-e-kochan-ladna-01.jpg

Водителката Снеже Велков покажа дека кога ќе замисли нешто, ништо не може да ја предомисли, па дури ни ладното време.

Божиќните празници таа ги помина на море, а за Бадник одлучи да влезе во ладните води и да го победи умот, препреките и предрасудите.

snezhe-velkov-vleze-vo-more-srede-zima-se-zagreva-so-oro-vodata-e-kochan-ladna-02.jpg

Станува збор за традиција која таа неодамна ја започнала, а зборувајќи за божиќните обичаи во семејството, таа за CRNOBELO.com откри: 

„Јас од неодамна почнав баш на Бадник да се капам во море. Се надевам и годинава ќе ја продолжам традицијата“. 

Таа си го одржа зборот и на Инстаграм сподели видео на кое прво трча и се загрева со вежби и со оро, а потоа влегува во вода.

Без многу големи подготовки и техники, таа се затрча и одеднаш влезе во ладното море, од каде излезе среќна и горда дека успеала во подвигот.

Во описот на видеото Снеже напиша:

Подвиг: Бањање во море сред зима - Бадник 2025

Предизвик: Ладно е кочан.

Искушение: Да се премрзнам или да си седам мадро

Задача: Да се продолжи традицијата.

Мисла: Троа будалеста.

Ме знаат ли од дома? Исто им се фаќа.

Добра ли си? Изглед вара.

Радост: Голема.

Збор: Одржан.

И после?
После ич не е ладно.

И што со тоа?
Победа на умот, на времето, на препреките и предрасудите.

Пиши 1:0 за мене.

Голем е денов, нека се големи и радостите!

Кликнете на видеото за да го погледнете:

Прочитајте и Илина Арсова по бикини и во топ форма, среде декември влезе во Охридското Езеро (видео)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...

Најчитани неделава