Помеѓу науката и технологијата: Нови иновативни производи како подобро решение за пушачите

Долго очекуваниот крај на 2020-та година, година која популарно е прогласена за најлошата година до сега, е пред нас. Исто така се надзира и почетокот на крајот на ужасната пандемија, која сосем го исфрли од рамнотежа целиот свет, бидејќи веќе започна процесот на вакцинирање во повеќе земји низ светот.

pomegju-naukata-i-tehnologijata-novi-inovativni-proizvodi-kako-podobro-reshenie-za-pushachite-01.jpg

Но, и покрај овие нови почетоци кои носат надеж и радост, човештвото и понатаму се бори со друга пандемија, која некако остана во сенка на оваа новата, а тоа е глобалната пандемија на пушењето. Пушењето, воедно е и водечка причина за болести и смртни случаи што може да се превенираат, на светско ниво.

Критиките со кои се соочуваат тутунските компании, растечката свест за грижата за здравјето и животната средина, но и огромната технолошка револуција што го зафати светот, ги натераа и тутунските компании да размислат за алтернативни производи за пушачите - производи кои се помалку штетни од конвенционалното пушење.

pomegju-naukata-i-tehnologijata-novi-inovativni-proizvodi-kako-podobro-reshenie-za-pushachite-02.jpg

Компанијата Филип Морис Интернешнл (ФМИ) која ги создаде производите со несогорлив тутун и која започна сопствена трансформација кон иднина без чад, патувањето кон оваа цел го започна од раните 90-ти години на минатиот век. Истражувачкиот центар на ФМИ одлучи да развие производи без фактор на согорување. Развиени се многу производи, а IQOS во моментов е најнапреден производ помеѓу нив.

ФМИ денес не е познат само по тоа дека е лидер во тутунската индустрија, туку многу повеќе, дека е лидер во иновации и истражување. Компанијата во последниве 10 години има постигнато завиден успех благодарение на големите вложувања во развој и наука, но и на транспарентноста и отвореноста за соработка со научната заедница и регулаторните тела. Повеќе од 430 врвни научници, инженери и експерти работат во истражувачките центри на ФМИ, а во овие истражувања досега се вложени 7,2 милијарди долари. Со 4600 одобрени патенти и 6300 поднесени патенти Филип Морис денес е 45та компанија по бројот на прифатени патенти во ЕУ.

pomegju-naukata-i-tehnologijata-novi-inovativni-proizvodi-kako-podobro-reshenie-za-pushachite-03.jpg

Со оглед на научните докази дека примарно токсичните и канцерогени супстанци во тутунскиот чад, а не никотинот се главните причинители на болестите и смртноста, во компанијата токму во оваа насока видоа можност за развој на нови производи. Бидејќи беше познато дека кај цигарите температурата на согорување е 800 степени целзиусови при што доаѓа до создавање на преку 6000 соединенија, од кои огромен дел ги нема во билката но се создаваат при согорувањето, научниот пристап беше да се постигне ослободување на никотинот, но без процес на горење. Новите производи се базираат на наука која ги почитува највисоките стандарди и најсовремените методологии на фармацевтската индустрија и е во согласност со насоките дадени од светски реномираната Американска агенција за храна и лекови. Во овој контекст, најнапредниот бренд оваа нова генерација на производи IQOS доби дозвола за продажба од во САД на 30ти април 2019 година, додека во јули 2020 година, оваа Агенција го класифицираше во категоријата на производи со модифициран ризик и нотираше дека производот е суштински различен од цигарите.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...

Најчитани неделава