Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - денес е обратно“

„Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. Сега секој мора да работи за да издржува 1 дете“ - пишува во објавата на култниот скопски менаџер, Милорад Цаиќ Цајо.

viralen-status-na-skopskiot-menadjer-cajo-pred-50-godini-brakot-beshe-lesen-a-razvodot-tezhok-denes-e-obratno-01_1.jpg

Милорад Цаиќ Цајо, култен лик во Скопје, менаџер на локали и организатор на многу модни и музички настани во градот, со својот статус на Фејсбук, привлече големо внимание во јавноста.

Тој ги спореди животот (и семејните вредности) пред половина век, со овие што постојат денес.

Преку споредбата, тој се запрашува дали како луѓе одиме напред, или сепак, се враќаме наназад, иако живееме во 21. век.

viralen-status-na-skopskiot-menadjer-cajo-pred-50-godini-brakot-beshe-lesen-a-razvodot-tezhok-denes-e-obratno-01.jpg

Прочитајте ја целата објава на Цајо:

„Пред 50 години децата беа нежни со своите родители. Денес родителите треба да бидат нежни со своите деца.

Пред 50 години децата ги почитуваа своите родители. Сега родителите треба да ги почитуваат своите деца.

Пред 50 години бракот беше лесен, но разводот беше тежок. Денес е тешко да се ожениш, но разводот е толку лесен.

Пред 50 години ги запознававме сите соседи. Сега сме странци на нашите соседи.

Пред 50 години луѓето мораа да јадат многу затоа што им треба енергија за напорно да работат. Сега се плашиме да јадеме масна храна поради страв од холестерол и хипертензија.

Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. Сега секој мора да работи за да издржува 1 дете.

Пред 50 години луѓето сакаа да учат и читаат книги... Во денешно време луѓето сакаат да го ажурираат својот статус на социјалните медиуми.

Напредок или регрес... реалност“.

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...

Најчитани неделава