Официјално изгласани нови мерки: Зголемен полициски час, забрана за гости во угостителски објекти и фитнес сали

По шпекулациите дека наместо во 22 часот, полицискиот час ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти целосно се затвораат, откако во земјава ситуацијата се влоши и болничките капацитети се полнат со голема брзина, премиерот на Владата ги потврди новите рестриктивни мерки.

potvrdeni-novi-merki-od-utre-se-zatvoraat-ugostitelskite-objekti-kje-ima-policiski-chas-od-20-chasot-1.jpg
фото: depositphotos.com

До Владата се поднесени нови предлог мерки за заштита од корона вирусот, со оглед на тоа што ситуацијата во изминатиот период не се подобрува.

Денес, Министерот Филипче, Заменик Министерот за здравство Хасани, Премиерот Заев и д-р Караџоски одржаа прес-конференција.

Премиерот ги најави новите мерки, во продолжение дел од неговата изјава:

Почитувани граѓани, на денешната седница донесовме одлука за допонителни мерки со единствена цел – заштита на јавното здравје и на сите граѓани.

Најновите тенденции, презентирани од здравствените власти, покажуваат дека британскиот сој во земјата зема поголем замав, исто како и во другите земји. Овој вид заразува многу полесно и побрзо и најчесто резултира со тешки последици.

Од овие причини во пресрет на затоплувањето и големите празници, а согласно потребата да ги одмориме здравствените работници, донесовме нови рестриктивни мерки.

Мораме сите заедно да внесеме во справување со текот што го зазема пандемијата.

Бројот на новозаразени како последица од корона вирусот расте. Бројот на починати граѓани исто така расте. Досега здравствените работници се справуваа со сите предизвици, но сега веќе постои сериозно оптоварување.

Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем во државата од почетокот на пандемијата. Многу држави се соочија со оваа ситуација и порано од нас.

Од овие причини Владата донесе нови рестриктивни мерки:

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територија на Р. С. Македонија од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од 6 април, 2021 година до 20-ти април 2021 година.

merka-1.jpg

На граѓаните кои извршиле вакцинација во центрите за вакцина, за временскиот период пред започнување на забраната и последниот режим на движење, им се дозволува враќање до живеалишта врз основа на потврда за вакцинација.

Целосна забрана за посетители/гости за сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги. Може да се остварува работа со нарачки онлајн или телефонски, да се врши достава или да се подига нарачката надвор од угостителскиот објект, од 7-ми април среда до 20-ти април 2021. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромите и во објектите за сместување за лица сместени во овие објекти.

merka-2.jpg

Целосна забрана за посетители и гости во обложувалници, односно приемот да биде овозможен само преку шалтерска услуга, односно угостителскиот дел во казина и обложувалници да биде затворен за посетители од 7-ми април 2021 до 20-ти април 2021.

Целосна забрана за посетители во сите вежбални, фитнес центри, од 6-ти април до 20-ти април.

Се забранува организирање, одржување и присуство на секаков вид семинари, обуки, курсеви, работилници, конференции и други настани од ваков тип од 6 април 2021 до 20 април 2021.

merka-3.jpg

На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволите, исто како што беше овозможено на пролет.

За време на забраната и посебниот режим на движење, сите граѓани од станбени објекти кои имаат домашни миленици, може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри од живеалиштето.

merka-4.jpg

Останува на сила строгата забрана за групирање на повеќе од 4 граѓани и задолжително носење маска и одржување растојание.

merka-5.jpg

merka-6.jpg

Проследете ја прес-конференцијата:

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава