Во потрага по „социјална правда“ за пушачите

Дали пушачите имаат право на концептот за намалување на штети, кој и тоа како се употребува во другите области кои се од витално значење за јавното здравје и безбедност? На ова прашање свој став изнесе д-р Шерил Хелтон, декан и професор по политика и управување со јавно здравство при факултетот за глобално јавно здравје на  Универзитетот во Њујорк во своето излагање на вториот ден на овогодинешното издание на виртуелниот Самит за е-цигари во САД.

vo-potraga-po-socijalna-pravda-za-pushachite-01.jpg

„Сè уште имаме многу значајна национална и глобална поделба помеѓу оние кои имаат и оние кои немаат кога станува збор за пушачи, и долгогодишни и на ново иницирани. Ние ја третираме зависноста од согорлив тутун поинаку од зависноста од други смртоносни производи во однос на концептот за намалување на штети. Ние трошиме премногу време, за пресметки и премалку време за наоѓање заеднички јазик за масовно намалување на употребата на согорлив тутун и ставање крај на лажната еквивалентност помеѓу различните видови производи. Секој ден изминат во одложување, луѓето непотребно умираат.“ – вели д-р Хелтон.

Во својата презентација таа го цитираше д-р Давид Б. Абрамс и заклучоците од неговата студија во која тој вели дека при разгледување како да се зголеми придобивката, а да се минимизираат штетите за населението, треба целосно да се земат предвид сите три димензии на производи од никотин и да се изнајде оптималното решение кое ги дефинира карактеристиките на производите што најверојатно ќе го заменат пушењето: помала штета, доволен интерес и задоволителна испорака на никотин.

Д-р Хелтон додаде дека треба да бидеме отворени за помалку штетни алтернативи на пушењето и да се увериме дека нашите политики и регулативи се усогласени со максимизирање на употребата на производи со помал ризик во однос на оние со поголем ризик и дека во моментов кога и се спроведуваат активни политики кои обесхрабруваат употреба на алтернативи, споредени со ставовите што се заземаат за другите големи јавни здравствени проблеми каде што на алтернативите кои се далеку побезбедни им се дава поголема тежина од оние опции кои се најопасни.

Како би изгледал пазарот на алтернативи кога би бил добро регулиран? Во моментов, овој пазар во САД е само делумно регулиран. Минатата година американската Агенција за храна и лекови (FDA) донесе одлука дека сите тутунски производи кои се достапни на пазарот мора да добијат PMTA (premarket tobacco application) дозвола за продажба и рекламирање. FDA доби милиони апликации од производители кои сакаат да продолжат да ги пласираат своите производи. Станува збор за навистина сложен процес на евалуација на производите по одредени параметри и строги критериуми.

„Има навистина сложени проблеми, нема едноставно решение кое би важело за сите производи, ние ги проценуваме овие PMTA апликации, го проценуваме секој производ или пакет производи засебно, од случај до случај, барајќи ги сите фактори кои ги разгледуваат вкусовите,  каква е заинтересираноста кај возрасни пушачи на цигари, додека истите не се привлечни за употреба кај младите, ние разгледуваме концентрации и типови на никотин, какво корисничко искуството имаат уредите и дали е  доволно слично на цигарите, што може да ги натерам возрасните пушачи да направат промена. Навистина очекуваме во однос на обележувањето, рекламирањето и пристапот до производите, производителите т.е. апликантите да имаат многу строги контроли над овие работи за да можат навистина да бидат насочени кон и ограничени на возрасни корисници и не дозволуваат пристап на младите до овие типови производи.“ – изјави Метју Холман директор на канцеларијата за наука при центарот за тутунски производи во FDA.

Во моментов на македонскиот пазар достапна алтернатива на цигарите, која има добиено PMTA дозвола од FDA се IQOS електронските уреди кои го загреваат, но не го горат тутунот. Дополнително, овие уреди на 7ми јули 2020 добија и MRTP (modified risk tobacco product) дозвола која подразбира дозвола за изнесување на тврдења кои поддржуваат дека IQOS уредите се со модифициран ризик. Овие уреди се наменети само за возрасните пушачи и не претставуваат производ без ризик.

Би можело да ве интересира:

Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Миа Костова за родителите: „Се разведоа кога се породив, мајка ми се пресели во Охрид - сега сум поб... „Бев многу блиска со мајка ми до пред извесно време, сега сме во океј односи, ко...
Скандал во Ѕвездите на Гранд: Вики Миљковиќ тврди дека македонски натпреварувач ја обвинил за барање... „Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Ивана Кнез, нерасположена, си направи празнични фотки со AI: „Збогум 2025-та, ми го искрши срцево не... Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откак...
„Нека Бог ве води“ - Атрактивната водителка, Емакулате од Кенија, позираше новогодишно со сопругот М... „Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заед...

Најчитани неделава