Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник

Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека ако некој се најде во водите, ќе остане заглавен во водата за да празнува. Кои верувања се врзуваат за празникот Летен Свети Никола?

denes-e-leten-sveti-nikola-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-ovoj-praznik-01.jpg

Денес (22.05) православните верници го слават празникот Пренос на моштите на свети Николај, чудотворец Мириклиски, или во народот познат како летен Свети Никола.

Иако календарски не се паѓа во летниот период, заради убавото време што обично преовладува во овој период, во народот е познат како „летен“.

Обично многу повеќе се слави зимскиот Свети Никола, кој секогаш паѓа на 19-ти декември, но денес Православната Црква го одбележува денот кога неговите мошти биле пренесени од Мира Ликиска во градот Бари во Италија.

denes-e-leten-sveti-nikola-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-ovoj-praznik-02.jpg

Со цел да се заштитат моштите од нападите на муслиманите во Ликија (која се наоѓа во Анадолија), во 1087 година било одлучено тие да бидат пренесени во јужните делови на Италија во Бари, каде сѐ уште било присутно православното христијанство.

На тој долг пат биле забележани повеќе чуда, при допирот на моштите, но и при допирот на мирото што излегувало од нив. Се верува дека голем број болни биле исцелени, а за неколку дена оздравеле над сто болни од различни болести.

По три години од пренесувањето на моштите во црквата „Свети Јован“, била изградена нова црква „Свети Николај - Чудотворец“, каде биле пренесени неговите свети останки.

denes-e-leten-sveti-nikola-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-ovoj-praznik-04.jpg

Постои верувањето дека Свети Никола му помогнал на слепиот српски крал Стефан Дечански да го поврати видот, па овој во знак на благодарност го накитил новиот храм со сребро и испраќал богати прилози за неговото опремување.

Кај нас се верувало дека овој ден се слави со цел да ги заштити луѓето од секакви неприлики, а со оглед на тоа што Свети Никола е запаметен како господар на водите и на морињата, најмногу се празнувал за да ги заштити луѓето од поплави и дождови.

denes-e-leten-sveti-nikola-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-ovoj-praznik-05.jpg

Во почит на овој празник, во  минатото, рибарите не влегувале во чуновите во Дојранското Езеро, а во Охрид се верувало дека кој и да се најде во водите, тој ден ќе остане заглавен таму, за да празнува.

Во календарот на Православната Црква овој ден е одбележан со црни букви, односно се верува дека на денешен ден треба да се воздржите од тешки физички работи, а домаќинките не треба да перат, да чистат и да вршат други тешки работи во домот.

denes-e-leten-sveti-nikola-obichai-i-veruvanja-povrzani-za-ovoj-praznik-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава