Една година Биди Зелен ти!

edna-godina-bidi-zelen-ti-povekjeНа 12ти Јуни – Гоу Грин прослави една година од Биди-Зелен-Концертот! Во неделата, невладината организација Гоу Грин, во МКЦ Клубот го одбележа...


...12ти Јуни во форма на церемонија за доделување награди за изминатата година 2010/11.

Наградите беа доделени на членовите од Биди-Зелен-Клубовите (БЗК) во Скопје, Куманово и Тетово. Наградите ги стимулираат карактеристиките кои Гоу Грин се стреми да ги развие во општеството.

Наградата за самосвестност ја доби Тамара Николовска од БЗК Перо Наков (Куманово), наградата за интегритет ја доби Тијана Митревска од БЗК Ѓорѓи Димитров (Скопје), наградата за храброст ја доби Ангела Мицевска од БЗК Наце Буѓони (Куманово), наградата за иновативност ја доби Марко Михаилоски од БЗК 8ми Септември (Тетово).

edna-godina-bidi-zelen-ti-1

На тимско ниво, наградата за општествена одговорност ја доби БЗ Клубот Перо Наков (Куманово), наградата за одржливост ја доби БЗ Клубот Д-р. Панче Караѓозов (Скопје) и наградата за Биди-Зелен-Клуб на Годината ја доби 8ми Септември (Тетово).

Дополнително се доделија и награди на Слаткаристика и Тони Зен за нивната креативност и способност да пренесат позитивна порака за подобар свет.

edna-godina-bidi-zelen-ti-2

Настанот помина во пријатна и опуштена атмосфера, средношколците се радуваа на присуството на Слаткаристика, а Гоу Грин уште еднаш докажа дека умее да организира настан кој ќе се памети!

На линкот може да се потсетиме на Биди-Зелен-Концертот во Градски Парк од 12ти Јуни 2010 година: http://www.youtube.com/watch?v=SQl-uZy5JFY

Би можело да ве интересира:

Тура на убавина низ Македонија: Светлана Црнокрак - гостиварка, Јелена Јованова - штипјанка Каролина Гочева е од Битола, Снеже Велков од Македонска Каменица, а манекенката ...
Отворен и петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, во Велес Вчера, Велес стана дом на петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакн...
Ирина Дишовска: „Шокот од промената на животот по породувањето ми се виде како планина која нема да ... „Чувството на љубов за мојот син ми го покори срцето како никој досега, но пожрт...
Тамара Тодевска и Лука не ја кријат љубовта - Се бакнуваат заљубено, уживаат во Мадрид „Љубовта те менува на најубав начин“, ѝ напишаа фановите на Тамара, откако објав...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти „Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg