Македонско-словенечка љубов: Како Зои Блаж од Скопје ја пронајде љубовта со еден смел потег?

„Тадеј моментално игра во еден ракометарски клуб во Германија и таму живее, а јас постојано сум на релација Скопје – Германија. Од прв ден двајцата чувствувавме дека тоа е тоа вистинското.“, раскажува 26-годишната Зои Блаж за својот сакан Тадеј.

makedonsko-slovenska-ljubov-kako-zoi-blazh-od-skopje-ja-pronajde-ljubovta-so-eden-smel-poteg-01.jpg

Зои Блаж (26) од Скопје, сопственичка на салон за убавина, веќе 5 години е во врска со словенечки ракометар Тадеј (27), кој потекнува од стариот рибарски град Изола.

За нивната љубовна приказна таа открива за CRNOBELO.com:

„Се запознавме многу спонтано на социјална мрежа. Јас го видов и му пишав прва, а потоа тој ме покани да излеземе и од прв ден двајцата чувствувавме дека тоа е тоа вистинското.

Тајната на нашата успешна врска е довербата, љубовта, разбирањето, слогата и најважно мирот. Едноставно дишеме еден за друг. Многу е чудно, но чувствуваме кога на некој од нас му се има случено нешто, дури и кога сме разделени илјадници километри.

Тадеј моментално игра во еден ракометарски клуб во Германија и таму живее, а јас постојано сум на релација Скопје – Германија.

Регистрацијатa, за жал, ни е одложена по вторпат поради короната, но едвај чекаме да ја крунисаме нашата љубов со брак.“

Фотки од Зои и Тадеј:

Повеќе фотки од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава