Ново зеленило и дрвореди: Може ли Скопје да биде зелен и чист град?

novo-zelenilo-i-drvoredi-mozhe-li-skopje-da-bide-zelen-i-chist-grad-01.jpg

Зеленилото во еден град има исклучително значајна улога во одржување и зголемување на урбаниот биодиверзитет. Покрај тоа што крошните на дрвата претставуваат живеалиште за различни видови на птици, дополнително само едно созреано дрво годишно може да апсорбира 150 килограми јаглерод диоксид, односно да создаде доволно кислород за 10 луѓе. Ова е посебно важно за градови кои се густо населени или загадени и каде просечното ниво на кислород може да биде и до 6% пониско од потребното.

Затоа во градовите во кои има високо ниво на загаденост присуството на зеленило и дрвја може значајно да го подобри квалитетот на воздухот кој го дишеме, правејќи ги и самите градови почисти места за живеење.

novo-zelenilo-i-drvoredi-mozhe-li-skopje-da-bide-zelen-i-chist-grad-02.jpg

Скопје е град кој во минатото имаше многу зеленило. На градскиот плоштад имаше дрва, градот дишеше заедно со крошните на дрворедите. Но последната деценија, како резултат на низа различни околности, Скопје загуби многу од своето зеленило, бројот на дрва се намали и бетонот и мермерот почнаа да владеат.

Во последните неколку години таа слика се менува и тоа е добро. Скопје повторно се збогатува со зелени површини, посебно со голем број на нови дрвореди поставени на најголемиот дел од фрекфентните скопски булевари и улици. Но, се поставува прашањето: Дали Скопје може да биде зелен и чист град? 

novo-zelenilo-i-drvoredi-mozhe-li-skopje-da-bide-zelen-i-chist-grad-03.jpg

Интересна споредба е и во височината и просечниот обем на садници. За разлика од 2016, кога просечната височина на садник беше 3.5 метри, садниците засадени во 2020 година во просек се високи 5.5 метри, со значително поголеми крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ градот.

Дополнително, просечниот обем на садник во 2016 година изнесуваше 12 см. Тоа значи дека биле засадувани млади садници со неоформено стебло и крошна, носејќи голем ризик дека многу од нив нема да успеат да преживеат, што и се случи.

За разлика од тогаш, според последните мерења, просечниот обем на садник во 2020 година е 24 см, односно се засадуваат садници со веќе оформено стебло и речиси комплетно оформена крошна.

Нивните шанси да опстојат се многу поголеми, а дополнително веднаш се постигнува и саканиот позитивен ефект врз природната средина како и здравјето на граѓаните

 

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава