Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум далеку од тебе“
- Детали
- петок, 01 ноември 2024
„И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум тука, далеку физички. Но, ти знаеше дека иако далеку, бев до тебе и со тебе во секој миг“, напиша Хелена Роза и се прости од својот најдобар другар, Зоки Фаци.
Поранешната водителка Хелена Роза, која скоро 20 години се дружеше со Зоки Фаци, со многу емоции се прости од својот најдобар другар кој почина утрово.
Хелена на Инстаграм сподели видео со ретро фотографии од нивните дружења и патувања низ годините.
Скршена од болка, таа напиша:
„И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум тука, далеку физички од тебе. Но, ти знаеше дека иако далеку, бев до тебе и со тебе секој миг.
Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет. Дека нема веќе кој да ми вика Цууц, Деспино и да се смееме без причина.
Многу, премногу ќе ми фалиш Зочко мој. Што и да напишам и раскажам ќе биде премалку за сите овие години поминати со тебе.
Почивај во мир. Те сака твојата најдобра другарка Хеленка“.
Таа и на Инстаграм Стори сподели неколку заеднички слики и спомени и напиша дека засекогаш ќе ѝ недостига.
Зоки ќе биде погребан на гробиштата во Катланово во недела (03.11).
Погледнете ги фотографиите:
Кликнете на видеото кое Хелена му го посвети на Зоки:
https://www.instagram.com/p/DB0vKtApRQW/
Прочитајте и „Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Фаци
А. Ј. | Црнобело