Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа“

„Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштество. Ти си моја сила и моја вечна молитва“, вели Јасмина, мајката на Ивона, која не остана имуна на силната емоција на ќерка си.

ivona-jo-na-nastap-i-pee-na-majka-si-i-se-topi-od-emocija-kako-staream-s-povekje-potsetuvam-na-nea-01.jpg

Пејачката Ивона Јо, неодамна го имаше својот прв настап по подолг период.

А таму, меѓу гостите, беше и жената која ѝ значи најмногу во животот и која ѝ е огромна поддршка на секој чекор што во животот го прави Ивона - мајка ѝ Јасмина.

ivona-jo-na-nastap-i-pee-na-majka-si-i-se-topi-od-emocija-kako-staream-s-povekje-potsetuvam-na-nea-02.jpg

Таа беше покрај својата ќерка на почетокот на годината, кога Ивона имаше операција во Турција за да го отстрани вишокот кожа од стомакот и подбрадокот, но и во секоја нејзина битка и во секој нејзин голем и успешен момент.

Поттикната од сета љубов што ја добива од мајка си, но и за да ѝ покаже колку ја сака, Ивона ѝ посвети една од песните на својот настап, Onaj ko te ljubi, од Тони Цетински.

ivona-jo-na-nastap-i-pee-na-majka-si-i-se-topi-od-emocija-kako-staream-s-povekje-potsetuvam-na-nea03.jpg

Па додека пееше, таа и мајка ѝ се прегрнуваа и танцуваа.

Видеото од овој емотивен момент, Ивона го сподели на Инстаграм:

„Периодов сѐ почесто размислувам за давање и примање љубов. Родителската љубов е посебен тип на љубов- чија што замена не постои.

Секој еден родител на различен начин ја покажува.

Оваа жена на видеото е моето мајче. Мајка. Каква длабочина носи… само мајките знаат.

А како стареам сѐ повеќе во личните карактеристики потсетувам на неа.

Да ми бидеш жива, здрава и секогаш вака расположена ко што си на моите настапи. Мајко моја, да даде Бог еден ден да те отпеам“.

ivona-jo-na-nastap-i-pee-na-majka-si-i-se-topi-od-emocija-kako-staream-s-povekje-potsetuvam-na-nea-04.jpg

Ни Јасмина Јовановиќ не остана имуна на зборовите од ќерка си, па во коментар ѝ напиша дека се гордее со неа.

„Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштество. Ти си моја сила и моја вечна молитва.

Благословена да си ќерко. Продолжи да сонуваш големи соништа и да ги остваруваш со истата енергија и страст“ - напиша таа.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg