Сузана Турунџиева: „Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата, залудни се сите зрнца киноа, лимони, медови, авокадо“

„Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата... Со намера да се подигне (имунитетот) се купуваат разноразни работи, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро. Но, единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат...“, гласи дел од објавата на Сузана Турунџиева.

suzana-turundjieva-ne-postoi-pogolem-neprijatel-na-imunitetot-od-tagata-zaludni-se-site-zrnca-kinoa-limoni-medovi-avokado-01.jpg

Сузана Турунџиева често сака да говори за духовното, за среќата, за тоа што нè инспирира или јаде однатре.

Овојпат таа напиша на својот Фејсбук профил за тоа што е најголем непријател на нашето здравје и имунитет.

suzana-turundjieva-ne-postoi-pogolem-neprijatel-na-imunitetot-od-tagata-zaludni-se-site-zrnca-kinoa-limoni-medovi-avokado-04.jpg

Нејзината моќна објава:

Не постои поголем непријател на имунитетот од тагата... Со намера да се подигне (имунитетот) се купуваат разноразни работи: зрнца киноа, се цедат тони лимони, медови, авокадо, се рендаат ѓумбири, се цедат портокали, се пие Омега 3, магнезиум хлорид, цедени масла, мелеми, чаеви од билки за кои некој чул дека ќе ни биде подобро.

Но, единствениот поттикнувач на имунитетот се капките среќа. Оние кои никаде не се купуваат, и кај секого индивидуално се „дозираат“, и по состав и по јачина, па и по количина.

suzana-turundjieva-ne-postoi-pogolem-neprijatel-na-imunitetot-od-tagata-zaludni-se-site-zrnca-kinoa-limoni-medovi-avokado-03.jpg

Мора СЕКОЈ САМ ДА СИ ГИ ПОДГОТВИ и да си ги консумира редовно, секој ден.

Тогаш, кога свесно и со верба секојдневно сам(а) ќе си капнуваш по неколку капки среќа во кафето кое наутро си го подготвуваш, во фустанот кој подоцна го облекуваш, во храната која ја јадеш и во музиката која патем ти ќе си ја одбереш, тогаш ќе сфатиш дека тагата е поразена, имунитетот се враќа и нема сила која може да ги уништи капките среќа, кои делуваат само ако ти им дозволиш.“

suzana-turundjieva-ne-postoi-pogolem-neprijatel-na-imunitetot-od-tagata-zaludni-se-site-zrnca-kinoa-limoni-medovi-avokado-02.jpg

Прочитајте и Сузана Турунџиева: „Ако мислите дека сте несреќни, прошетајте низ ходниците во Клиниката за онкологија“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...
Сузана Турунџиева, гушната со ќерките, внучето и мајка ѝ, испрати моќна порака до сите родители „Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те нау...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Сузана Гавазова направи тематска „Барби“ забава за роденденот на ќерката, покрај езеро „Ти си ми сè“ – ѝ порача пејачката Сузана Гавазова на ќеркичката Емели. По повод...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Сузана Гавазова среде јануари ужива на Тајланд: Бакнува диви животни, присуствува на традиционална с... Додека кај нас е студено, Гавазова ужива на плажа, пие млеко од кокос, со сопруг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg