Зачувување матични клетки

zacuvuvanje-maticni-kletki-povekje(комерцијален текст) Пронајдокот на матични клетки, заслужено го добива името на  чудо на 21виот век. Со помош на матичните клетки, преку најновите...


...светски податоци и статистики се константира успешност во лечење на болести како заболувања на крвта, болести на имунолошкиот систем, церебрална парализа и одредени форми на рак.

Во случај на сериозно заболување на крвта, како што се одредени видови на леукемија единствен избор е барање на соодветен донор за трансплантација на коскена срж. Со високата компатибилност  на клетките од папочна врвца, се минимизира процентот за неуспешност односно отфрлање на трансплантантот.

Ова чудо на 21виот век е достапно и на македонскиот пазар од пред 5 години, откако европски познатата банка за матични клетки Cryo - Save, како водечка семејна банка за матични клетки склучи договор за партнерство со Би-МЕК Скопје.

- Денес, матичните клетки од папочна врвца се најефикасното превентивно решение во третманот на повеќе заболувања. Свесноста на македонците за зачувување на матични клетки од своите новороденчиња од година во година расте – изјави директорката на Би-МЕК Скопје, Тања Евросимовска. Овој позитивен тренд се должи на се поинтензивната едукација на медицинските тимови од една страна, но и на широката популација од друга страна.

Меѓу многуте поволности од зачувувањето на матичните клетки се и достапноста на клетките кога и да бидат побарани, безболната, едноставна и безбедна постапка на собирање  како и избегнувањето на големи трошоци, ако се спореди цената за криопрезервација со цената од компатибилен материјал од донор во иднина. – додава Евросимовска.

На светско ниво, во моментов Cryo – Save има зачувано 175. 000 примероци на крв и ткиво од папочна врвца како и масно ткиво што претставува доказ за успешнoста и ефикасноста на методата.

Светскиот просечен процент на успешност е 85%. Успешноста на Cryo-Save е повисока од просекот и изнесува 95%..

Горди сме што можеме да потврдиме дека процентот на успешност на Би-МЕК, Cryo - Save е еден од највисоките проценти на успешност и изнесува 97% - изјави директорката на Би-МЕК Скопје Тања Евросимовска.

Би можело да ве интересира:

Паркингот во Ист Гејт Мол отсега со валидирање на билети Од понеделник, 21 август 2023 година во трговскиот центар Ист Гејт Мол ќе се вов...
Наградата за најдобар актер, повторно во рацете на Никола Ристановски Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини ...
Хумани луѓе, успешни трансплантации: Убави моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2023-та Млади генијалци кои освоија награди, хумани луѓе, но и неколку спасени животи со...
Македонка, омажена во Волос, за CRNOBELO: „Состојбата со поплавите во Грција е ужасна, кај мене пред... „Овде е хаос, исплашени сме, не престанува да врне. Автомобилите веќе до половин...
Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе во светот за 2023-та „Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните ...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg