Игор Џамбазов денес е многу различен од русокосото момче кое го глумеше Трајче дрварчето во „Волшебното самарче“. Колку се сменети познатите Македонци низ годините?
Многу наши познати личности тестираа да видат како ќе изгледаат како ликови во аниме стил. По Маја Кикириткова и Дарко Влогс објави како си поиграл со новата алатка на ChatGPT.
Се сеќавате ли на групата „Магија“? Или на хитот на Франц, Пере, Кире и Ацо Конга - „Телефонскиот број не постои“? Момците што свиреа и пееја во овие групи ја одбележаа младоста на многу генерации. Некои од поранешните бој бендови постојат и денес.
„Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зошто од април 2003 јас веќе не сум сама на овој свет“, му порача Ивона Јо на својот брат Кристијан и објави низа заеднички фотографии од детството со него.
Калиопи, Надица Георгиева, Ирена Спировска, ги родија своите деца пред да наполнат 25 години. Кои други познати Македонки се остварија како мајки на почетокот на своите рани 20-ти години?
Сара и Димитар пловеа со чамец во холандското селце Хитхор, кое е познато како „холандска Венеција“ поради бројните канали наместо улици.
Совршените кадри, обоени во розово, чекаат на вас во Градскиот парк викендов... Денес, наша читателка ни испрати фотографии оттаму. Сонце плус расцветани јапонски цреши е рецепт за совршенство, зарем не?
„Во три месеци си докажав на себе дека 15 години самоуништување не значат ништо, во оној момент кога ќе решиш дека ќе станеш подобар за себе. За твоите блиски. И за сите кои аплаудираат и те поддржуваат...“, вели искрено Таско и споделува фотки од својата трансформација.
„Болиш! Фалиш! Немам сила да издржам! Да бидеш уште еден ден крај мене, да можам би го вратил цело време…“, пишува Антонио Наумоски за саканиот другар Андреј, кој го овековечи со тетоважа: „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и кобниот датум 16.03.2025.
„Се обидовме да средиме некои работи, но, едноставно, не одеше. Уживав во нашиот брак, а на Теодора ѝ ја посакувам целата среќа, бидејќи ја заслужува“ - вели пејачот кој во 2022-ра заврши втор во „Ѕвездите на Гранд“.
Се сеќавате ли на стиховите „Како ли јас да пораснам и да речам малечка... Ти си мала кукличка“? Дали ви го носат мирисот на детството? „Песната ја отпеав во 1993 година, на неполни 7 години“, вели Иван Богојoвски за CRNOBELO.com и нè враќа во едно прекрасно време.
„Сине, Леон мој... Никој не слушна како срцето ми пукаше синхронизирано со твојот плач. Никој не виде како во моето молчење се криеја стотици прашања, а во твојата тишина се криеше повик за помош. Денес, на 2 април, не ти честитам... Ти се поклонувам. Што издржа. Што не се откажа“, му се обраќа Амела Мемиш Апостоловска на синот на светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.
По излевањето на Маркова Река поради обилните врнежи од дожд, од ЦУК информираат дека значително е висок и водостојот на река Вардар по цело нејзино течение, но и на други реки низ земјава.
За првпат во историјата на Факултетот за музичка уметност од Скопје еден наш оркестарски ансамбл учествуваше на меѓународен музички натпревар.
„Детето не излезе како што другите очекуваа. И сите, помалку или повеќе, си заминаа. Најмногу ја боли што не гледаат во него можност, туку само ‘проблем’“, споделува Ребека од името на сите мајки на деца со потешкотии во развојот.
Јаков Спасов со сопругата Софија и ќерката Гаиа се маскирани во ликови од Астерикс и Обеликс, децата на Анастазија Бранчела се преправени во врнежливи облаци, а синовите на Анна, која секоја година има креативни маски, се Лего коцки, заедно со неа - погледнете како се маскирани дечињата низ Македонија за 1-ви Април.
„Најзабавна случка ни е кога Ниа беше новороденче и кога ѝ падна папочната врвца, па јас и Ивана избегавме, а ситуацијата ја презема баба. Сега уште не оди самостојно, а првиот збор ѝ беше баба“ – раскажува за CRNOBELO.com Иван Јованов, откако првиот роденден на ќеркичката го прославија со тематска забава „Бамби“.
Од Мортиша и Гомез Адамс од „The Addams Family“ до Круела де Вил и далматинец од филмот „101 Dalmatians“... Маските, дело на магичните раце на Ковски, се вистинска уметност.