ГРАН ПРИ за нашиот оркестар „Солисти на ФМУ" и проф. м-р Сашо Татарчевски

За првпат во историјата на Факултетот за музичка уметност од Скопје еден наш оркестарски ансамбл учествуваше на меѓународен музички натпревар.

gran-pri-za-nashiot-orkestar-solisti-na-fmu-i-prof-m-r-sasho-tatarchevski-01.JPG

Имено, студентите членови на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ" под раководство на проф. м-р Сашо Татарчевски го претставија факултетот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" како и нашата држава на фестивалот „Bratislava spring festival" кој традиционално се одржува во последната третина од месец март во главниот град на Словачка.

gran-pri-za-nashiot-orkestar-solisti-na-fmu-i-prof-m-r-sasho-tatarchevski-02.JPG

Нашиот оркестар настапи на три концерти, а зеде учество и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Врвната подготвеност и извонредниот прием кај публиката и останатите учесници на фестивалот се потврди и со одлуката на жири комисијата на нашиот оркестар да му додели златна диплома со 98 поени во натпреварувачката категорија како и Гран При награда на фестивалот.

gran-pri-za-nashiot-orkestar-solisti-na-fmu-i-prof-m-r-sasho-tatarchevski-3.JPG

Во еден навистина тежок период за нас, како факултет, но и за целото општество, ваквото врвно достигнување е нешто што го подигнува духот на студентите но и на сите млади луѓе, покажувајќи дека со знаење, посветеност и квалитетна  работа ништо не е недостижно и невозможно.

gran-pri-za-nashiot-orkestar-solisti-na-fmu-i-prof-m-r-sasho-tatarchevski-04.JPG

Овој успех се постигна благодарение на поддршката од Министерството за култура и туризам, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и е јасен показател за тоа колку е важно да се поддржат оние индивидуи и колективи кои таквата поддршка стално ја оплодуваат со врвни достигнувања.

gran-pri-za-nashiot-orkestar-solisti-na-fmu-i-prof-m-r-sasho-tatarchevski-05.JPG

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Наш пастор со ќерката во раце: „Еден ден Петра на тој некој ќе му зборува 'Tате ме чуваше вака, ме с... „Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој: Тате мој правеше вака... Тате мој ме...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава